СВЕТСКИ АРХИТЕКТИ ВО СКОПЈЕ НА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА 60 ГОДИНИ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ И 110 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА КЕНЗО ТАНГЕ

June 7, 2023
1 min read

Реномирани архитекти, научници и истражувачи од Јапонија, Холандија, Грција, Италија, Полска и САД денес и утре во Скопје ќе разговараат за поуките од минатото, но и за важноста на идеите за солидарност, значењето на меѓународната помош и за реконструкцијата и изградбата на разурнатите градови во светот. Гостите се дел од меѓународната научна конференција „Проект Скопје“ во организација на Архитектонскиот факултет, која се организира за одбележувањето на 60 години од земјотресот во Скопје, но и 110 години од раѓањето на јапонскиот архитект Кензо Танге кој одигра многу значајна улога во планирањето на изградбата и реконструкцијата на постземјотресно Скопје

Деканот на Архитектонскиот факултет, проф. д-р Огнен Марина, рече дека во 1963, Обединетите нации ја препознаа можноста во постземјотресната реконструкција на Скопје да создадат еден нов „Светски град“ кој требаше да се изгради како центар на знаење што ќе промовира мир, разбирање и соработка. Таа меѓународна поддршка без преседан, предводена од ОН, стана Проект Скопје и тие цели требаше да се постигнат преку архитектура и урбанистичко планирање.

Програмата на конференцијата е поделена во три главни сесии: минат проект, сегашен проект и иден проект. (Фото: „Њу момент“)

„Скопје денес е современ град кој е планиран врз основа на идеите и концептите кои доминираа во урбанизмот во 60-те години од 20. век и кој сѐ уште покажува капацитет да се соочи со современите предизвици. Но, тој капацитет на градот брзо исчезнува бидејќи во меѓувреме, како општество, го загубивме капацитетот да го замислуваме градот како целина, како една исклучителна сложена, но сепак целина која ќе ги одразува нашите вредности, нашите очекувања и нашите потреби. Ние, како заедница, го изгубивме капацитетот да создаваме визија за нашиот град базирана на суштинските вредности како солидарноста, јавниот интерес, функционалните градски сервиси и политики и здравата животна средина, а кои го создадоа современо Скопје“, рече Марина на отворањето на конференцијата „Проект Скопје“.

Програмата на конференцијата е поделена во три главни сесии: минат проект, сегашен проект и иден проект.

На првата сесија ќе се дискутира за знаењето, теориите, практиките и научените лекции од проектите на архитектите, урбанистите и експертите кои беа вклучени во постземјотресната обнова на Скопје.

Сесијата за сегашниот проект ќе ги претстави идеите кои го обликуваат денешниот свет, создавајќи ги идните урбани наследства кои се клучни за идниот социјален и урбан развој.

Идниот проект, пак, ќе ги истражува новите теории и пристапи за подобро разбирање на идните потенцијали и услови на нашите општества и градови, преку дискусии за врвните истражувања на млади истражувачи и научници од најистакнатите универзитети низ светот.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Папата Франциск оди на операција на дебелото црево

Следно

Украина: Еколошки проблеми во регионот по уривањето на браната „Каховка“

Latest from Blog

СЗО за третина го намали износот на пари што ги бара за итни здравствени случаи низ светот

Тоа е за една третина помалку од минатата година, пред се, поради намалувањето на донациите и загриженоста за придонесите од нејзиниот поранешен главен донатор, САД. „Се фокусираме на оние на кои им е

Владата ќе ги достави петте кандидати за јавен обвинител до Советот на јавните обвинители

Владата на денешната седница донесе заклучок во однос на петте кандидати за јавен обвинител и во согласност со законските одредби ќе ги достави до Советот на јавните обвинители, информира денеска на прес-конференција

Проданоски именува нови директори во две јавни институции во Прилеп

Градоначалникот на Прилеп Дејан Проданоски донесе одлука за кадровски промени во две јавни институции, со цел подобрување на нивното работење и поефикасно управување. За директор на Јавното претпријатие за просторни и урбанистички

Комерцијална банка и Гранит доминираа во прометот – МБИ10 со раст од 0,50%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 3 февруари 2026 година, индексот МБИ10 порасна за 0,50% и достигна 10.167,09 поени, додека

Проданоски именува нови директори во две јавни претпријатија

Градоначалникот на Прилеп Дејан Проданоски донесе одлука за кадровски промени во две јавни институции, со цел подобрување на нивното работење и поефикасно управување. За директор на Јавното претпријатие за просторни и урбанистички
Go toTop