Сведочење за случајот „Пулс“: Прскалките што го предизвикале пожарот биле купени од Бит Пазар? – на настап на ДНК во Гевгелија се запалиле звучници и платно

March 9, 2026
1 min read

На денешното рочиште за предметот „Кочани“, кое се одржа во судницата во Идризово, сведочеше Горан Игновски, сопственик на продавницата од која групата ДНК претходно купувала опрема за сценски ефекти. Тој изјави дека прскалките од кои настанал пожарот во дискотеката „Пулс“ не биле купени од неговата продавница, туку дека станува збор за тип на прскалки со поголем домет, какви што, според него, се продаваат на Бит Пазар.

Игновски објасни дека во неговата продавница се продавале прскалки со домет од еден до два метра, додека оние што биле користени во дискотеката имале домет од повеќе од три метри. Неговата фирма „Чкаља“ ДООЕЛ, која работи под брендот „Де аудио“, има продавница во скопската населба Кисела Вода и нуди различна опрема за сценски ефекти – осветлување, машини за конфети, машини за балони, ладни фонтани, прскалки на прашок, машини за чад на база на вода и друга сценска техника.

Сведокот појасни дека ваквата опрема најчесто не ја купуваат сопствениците на ресторани или локали, туку изведувачите и организаторите на настани, кои сами си ја обезбедуваат за своите настапи.
– Постојат топли и ладни фонтани. Топлите работат со барут, ист како прскалките што се ставаат на тортите и прскаат еден до два метра. Има фонтани за надворешна и за внатрешна употреба. Ние имавме и куферчиња за нивна активација, кои ги увезувавме легално. Примероци од нив им дадовме на надлежните за вештачење. Во куферчето се става патрон и во даден момент се активира со далечинско. Може да се постават наутро, а да се активираат навечер – рече Игновски.
Тој објасни дека ладните фонтани се големи и видливи на сцена, со димензии околу 30 на 20 сантиметри, и се поисплатливи за користење, но уредите за нив се скапи, па затоа многумина користат топли фонтани.

Целиот текст прочитајте го на +Инфо

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вистински ЦИРКУЗ: Партизан го врати Благојевиќ на тренерската клупа!

Следно

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет, евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

Latest from Blog

ИТАЛИЈА ГО СУСПЕНДИРАШЕ ШЕНГЕН СИСТЕМОТ НА СЛОБОДНО ДВИЖЕЊЕ СО ШПАНИЈА

Италијанската влада ја суспендираше примената на Шенгенскиот режим на слободно движење во односите со Шпанија, објави италијанското Министерство за внатрешни работи. Одлуката е донесена како одговор на масовниот влез на мигранти во

Нема укинување на вториот пензиски столб

Нема најава за укинување на вториот пензиски столб, уверува премиерот Христијан Мицкоски, откако во јавноста се појавија низа прашања по најавите дека започнале сеопфатни анализи на пензискиот систем и ризиците со вториот

Чешка има нов селектор

Репрезентацијата на Чешка, по слабиот настап на годинешниот Мундијал, реши да постави нов селектор. Чесите за прв пат во историјата ќе имаат странец на кормилото на фудбалската репрезентација. Се работи за шпанскиот

Најмалку 34 загинати во експлозија на метан во рудник во Пакистан (ВИДЕО)

Спасувачките операции се во тек за пронаоѓање и извлекување на уште двајца рудари кои беа заробени под земја, изјави Мухамед Фахад, директор за операции на покраинската управа за управување со катастрофи. Покраинскиот

Сали: Соработката со Турција продолжува да ги зајакнува институционалните капацитети и процесот на европска интеграција

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, се обрати на отворањето на Програмата за обука за управување со проектен циклус во рамките на иницијативата IPABRIDGE, која се одржува
Go toTop