Вистински ЦИРКУЗ: Партизан го врати Благојевиќ на тренерската клупа!

March 9, 2026
1 min read
ФОТО:FKPartizan.rs

Овој Партизан и дефинитивно е ЦИРКУЗ. Како може поинаку да се протолку фактот дека раководството на клубот одлучи да го врати Срѓан Благојевиќ на тренерската клупа. Оваа вест е потврдена од страна на ФК Партизан:
„На денешниот состанок на Управниот одбор на Фудбалскиот клуб Партизан беше спроведена анализа на спортските резултати од почетокот на пролетната сезона на првенството. Резултатите се неприфатливи за Клубот. Дополнително, беше оценето дека е потребно да се преземат активности за да се запре кризата на резултатите, а особено кризата на професионалната работа. Управниот одбор го назначи Срѓан Благојевиќ за нов шеф на стручниот штаб со мнозинство гласови (4-1).
Новиот тренерски штаб ќе започне со работа утре, 10 март 2026 година“,
објави Партизан.
Благојевиќ беше отпуштен во ноември откако беше елиминиран од Купот на Србија од Мачва, а потоа загуби од Чукарички.
Сепак, после тоа, Партизан не успеа да го пронајде вистинскиот пат ниту со Ненад Стојаковиќ, ниту со Дамир Чакар, па Благојевиќ се враќа на кормилото по четири месеци.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СЕ ЗАПАЛИЛЕ ЗВУЧНИЦИ И ПЛАТНО НА НАСТАП НА ДНК ВО ГЕВГЕЛИЈА – ПРСКАЛКИТЕ ШТО ГО ПРЕДИЗВИКАЛЕ ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“ КУПЕНИ НА БИТ-ПАЗАР?

Следно

Сведочење за случајот „Пулс“: Прскалките што го предизвикале пожарот биле купени од Бит Пазар? – на настап на ДНК во Гевгелија се запалиле звучници и платно

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop