Судскиот совет со иницијатива пред Уставен

March 7, 2024
1 min read

Судскиот совет во Уставниот суд покрена иницијатива за оценување на уставноста на Законот за плати на судиите и Законот за платите на членовите на Судскиот совет. Највисокото судско тело бара да не стапат на сила последните измени кои ги одобри Собранието, со што законодавецот спречи зголемување на платите на судиите. Според довербата во правосудниот систем, која лани изнесуваше 4 отсто, со право се поставува прашањето: Кое е моралното право на вработените во правосудниот систем, односно судиите да бараат зголемување на платата односно да се борат против намалувањето на нивните плати?

Платите на судиите во Кривичниот, Апелациониот, Врховниот, Уставниот суд и членовите на Судскиот совет се многукратно поголеми во однос на платите на административните службеници и од просечните плати во земјава..

Со покачувањата што беа предвидени, се очекуваше зголемувањето на платите да варира од 10.000 до 34.000 денари месечно покачување.

Судскиот совет и генерално судиите бараат зголемување на платите во време кога десетици кривични предмети се застарени, во мирување или за кои се уште се чекаат ефективни мерки, во време кога на отворено сцена дојдоа до изра политичките влијанија, а пресметките меѓу судиите и членовите на советот отидеа дотаму што требаше интервенција на меѓународниот фактор, а стратешките партнери кои низ годините ги поддржуваа и финансираа реформите во судството ја повлекоа поддршката.

Писмото на американската амбасадорка во април минатата година го привлече вниманието на судството, во кое таа ја нагласи потребата од итни реформи. Во писмото беа нагласени сите реформски зафати на САД, со посебен акцент на храброста што треба да ја покажат судиите при носењето на судските одлуки. Амбасадрката неколку пати изјави дека е разочарана од судството, а вакви пораки стигнаа и од Брисел и во извештаите на Европската комисија за Северна Македонија.

Адриан Керими

Извор: alsat.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

МЕПСО цел на хакерски напад, снабдувањето со струја не е загрозено

Следно

И покрај спротивставувањето на Нетанјаху, израелскиот министер Ганц ја посети Велика Британија

Latest from Blog

Коњановски: Битола е дел од европскиот културен дијалог преку изложбата „Инспирации“

Тони Коњановски заедно со претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски присуствуваше на свеченото отворање на изложбата „Инспирации“, која преку внимателно избрани фотографии ги претставува трите европски градови носители на титулата

Ердоган: Очекуваме единството на алијансата да биде нагласено на самитот на НАТО

Тој повика на укинување на ограничувањата за трговија со оружје и воена опрема и на Анкара да ѝ биде дозволено да учествува во иницијативи за зајакнување на европската безбедност, објави Ројтерс. Анкара

Проданоски им оддаде признание на учениците за филмот „Девојките на Марко“

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, оствари средба со членовите на драмската секција „Слободно театарче“ при СОУ „Ѓорче Петров“, при што им оддаде признание за нивната посветеност и успехот со реализацијата на долгометражниот
Go toTop