Судијката Даниела Димовска избрана за в.д. претседател на Основниот кривичен суд Скопје

July 3, 2025
1 min read

Судијката Даниела Димовска е избрана за вршител на должноста претседател на Основниот кривичен суд Скопје, откако претходниот претседател Иван Џолев беше избран за судија во Апелациониот суд. Одлуката е донесена на денешната седница на Судскиот совет.

Кандидатурата на Димовска ја предложи координаторката Данка Ристова, која во образложението посочи дека процедурата за избор е правно спорна поради начинот на оценување и недоволна усогласеност на прописите за назначување на в.д. претседатели. Сепак, Ристова истакна дека нејзиниот предлог е во согласност со постојната пракса, по што Димовска беше избрана со мнозинство гласови.

На истата седница, Судскиот совет донесе одлуки и за други вршители на должноста претседатели:

  • Елјеса Алији за Основен суд Гостивар
  • Мерсим Марку за Основен суд Дебар
  • Валентина Буревска за Основен суд Свети Николе

Нивните мандати започнуваат на 6 јули 2025 година.

Судскиот совет денеска разреши и дел од судиите поротници во судовите во Свети Николе, Основниот кривичен суд Скопје и Основниот граѓански суд Скопје, поради истек на мандатот.

Дополнително, беше изгласана одлука за формирање комисии за увид и оценка на пријавите по огласот за избор на редовни претседатели во судовите во Дебар, Гостивар и Свети Николе.

По предлог на членот на Советот, Селим Адеми, Советот донесе одлука за едногодишно делегирање на судијата Драган Јаковлески од Основен суд Битола во Основен суд Прилеп, со цел подобрување на функционирањето на судот.

ИЗВОР: ТВ 21

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Се предлагаат законски измени за статусот на верските училишта кои се антиуставни и спротивни на секуларноста

Следно

Бен-Гвир повторно повика на окупација на Газа и мигрирање на Палестинците

Latest from Blog

Лансирањето на американските акции на Binance веќе го надминува пазарот на токенизираните акции

Проширувањето на Binance кон американските акции брзо добива на размер и веќе го надминува постојниот пазар на токенизирани акции и по опфат и по трговска активност. Нов пазарен преглед на CoinDesk покажува

Станарите од „Васко Карангелески“ покажаа како се гради култура за селекција на отпад

Станарите од зградите на улицата „Васко Карангелески“ бр.125, кај касарната во Прилеп, со сопствена иницијатива и креативна идеја го разубавија просторот пред нивната зграда и овозможија организирано контејнерско собирање на отпадот. Откако

Пресврт во случајот „Пулс“: Лиценцата од 2012 е издадена за друг објект, покажуваат доказите

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, Јавното обвинителство продолжи со изведување на докази кои се однесуваат на постапките во Министерството за економија и Државниот пазарен инспекторат. Пред судот беа презентирани записници, барања,

Битола добива нов паркинг: Почнуваат работите на „Овчи пазар“

Од понеделник, 29 јуни 2026 година, ќе започнат подготвителните активности за изградба на паркинг просторот „Овчи пазар“, информира изведувачот на градежните работи. Проектот опфаќа изведба на коловоз, атмосферска канализација, улично осветлување и
Go toTop