Студентите во Србија кои се во блокада пуштија веб страница на која има часовник кој отчукува до 27 јануари со порака: Налути се човеку

January 23, 2025
1 min read

Студентите во Србија кои се во блокада ја пуштија веб страницата „Барањата не се исполнети“ (zahtevinisuispunjeni.rs), на која има часовник што отчукува наназад до понеделник, 27 јануари до 7 часот.  Под тајмерот, кој моментално одбројува нешто повеќе од 93 часа до 27 јануари, е напишана пораката „Се гледаме“.  

Студентите на Инстаграм објавија и видео на кое се гледа играта „Човеку, не се лути“, по што беше напишано – „Налути се човеку, 27 јануари“.

Засега не се знае каков е планот на студентите за тој ден, јави Бета. Пред тоа, студентите во блокадата ги повикаа граѓаните на Србија на тотален прекин на сите активности в петок на 24 јануари, односно на генерален штрајк или „општа граѓанска непослушност“. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Раст од 92.8 отсто на заболени од акутни заразни заболувања во декември во однос на ноември

Следно

Протест на земјоделците во централна Грција

Latest from Blog

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop