Студен бран во Македонија: Од утре температура се намалува за повеќе од десет степени

1 min read

реклама


Во текот на ноќта кон понеделник под влијание на продор на студена воздушна маса од север ќе почне да дува засилен северен ветер што во првите два дена од работната седмица ќе услови значително намалување на дневната температура за повеќе од десет степени.

Во понеделник времето ќе биде променливо облачно и ветровито, претпладне со врнежи од дожд, а во вторник облачно и уште постудено со повремени врнежи преку целиот ден, особено во јужните делови.

реклама

Од среда ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со пораст на дневната температура.

реклама



Претходно

Амнести интернешнал со докази за употребата на бел фосфор од страна на Израел во Газа

Следно

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа порасна на 2.329

Latest from Blog