Амнести интернешнал со докази за употребата на бел фосфор од страна на Израел во Газа

2 mins read

АНКАРА (АА) – Амнести интернешнал објави докази за употребата на бел фосфор од страна на израелската војска во густо населените цивилни подрачја во Појасот Газа, јавува Анадолу.

Видеа и фотографии потврдени од Лабораторијата за кризни докази на Амнести интернешнал покажуваат дека Израел користел бел фосфор врз енклавата што ја бомбардира од 7 октомври.

Хаубици М109 од 155 мм може да се видат на сликата од муницијата што армијата ја складираше во градот Сдерот, кој се наоѓа на 1 километар од границата со Газа, од каде што Хамас ја започна својата операција „Поплава Ал-Акса“.

На сликата се и артилериските гранати М825 и М825А1 со ознака D528, што е код за идентификација на „муниција базирана на бел фосфор“ на американското Министерство за одбрана.

Хаубиците М109 кои имаат дострел од 18 до 22 километри, стационирани во Сдерот, ја имаат северната половина на Појасот Газа на дострел на израелската војска.

Во последните денови, на социјалните мрежи беа споделени видеа на кои се гледа како северниот дел на Газа е погоден од артилериски гранати од бел фосфор.

Лабораторијата за кризни докази, која ги потврди снимките направени од различни агли на нападите на пристаништето во Газа и блиските хотели, сподели и сателитски снимки од точка на напад.

На видеото е снимено дека муницијата од бел фосфор се користела заедно со високоексплозивни артилериски гранати, се наведува дека артилериските гранати испуштиле честички кои произвеле густ бел чад кога експлодирале во воздух, а тоа соодветствува на употребата на артилериските гранати М825 и М825А1.

Локацијата на уште едно видео на кое се гледа употребата на фосфор, споделено на социјалните мрежи на 11 октомври, е утврдено дека е во близина на кулата на Банката на Палестина.

Амнести интернешенел испитува дополнителни докази за можна употреба на бел фосфор во северен Израел и Либан.

– Што е бел фосфор?

Чадот од бел фосфор, кој според меѓународното право е забранет за употреба во области со густо цивилно население, може да предизвика рани на белите дробови и задушување при негово вдишување.

Белиот фосфор, кој може да предизвика изгореници на кожата од втор и трет степен, лесно се запалува кога доаѓа во контакт со кислород. Кога се користи како бомба, предизвикува пожар, како и ефект на експлозија.

Пожарите предизвикани од бомби со бел фосфор може да се прошират на големи површини и може да траат сé додека не се исцрпи целиот фосфор во областа.

Многу е тешко да се лекуваат оние кои се изложени на белиот фосфор, кој се внесува во телото преку вдишување, контакт или голтање. Белиот фосфор се лепи на површините и е исто така опасен и за оние кои лекуваат повреди предизвикани од бомбата, поради што треба да добијат посебна обука за да се заштитат.

Периодичното изложување на супстанцијата може да предизвика напредна деформација на коската на вилицата и да предизвика нејзино кршење.

– Белиот фосфор во меѓународното право –

Според Конвенцијата на Обединетите нации (ОН) за конвенционално оружје (CCW), нападите со запаливо оружје во воздух, во цивилни области, се забранети.

Нема законски пречки за користење на чадот што го испушта белиот фосфор за цели како што е камуфлирањето на воените единици на отворени области.

Од друга страна, продолжуваат дискусиите за тоа дали белиот фосфор треба да се смета за воено злосторство поради влијанието и штетите што ги предизвикува врз луѓето кога се користи.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

Претходно

Павле Трајанов предупредува да бидеме внимателни околу настаните во Израел

Следно

Студен бран во Македонија: Од утре температура се намалува за повеќе од десет степени

Latest from Blog