Стотици луѓе на погребот на Навални покрај засилените безбедносни мерки

1 min read

Под силно полициско обезбедување, во Москва погребан Алексеј Навални. Илјадници Руси излегоа на улиците да му одадат последна почит на  најголемиот критичар на Владимир Путин, кој на 16-ти февруари почина во еден од најстрогите затвори во Русија, каде издржуваше долгогодишна казна.

Засилените безбедносни мерки во Москва, покажуваат дека и по неговата смрт, Навални, кој беше главен ривал на Путин во последните години, се уште ги загрижува властите.

„Дојдов тука бидејќи ова е единствената можност да се збогувам со Алексеј. Му се восхитувам на неговата храброст, на неговата издржливост. Верувам дека тој беше главен непријател на Путин.“

„Нека види владата дека не забораваме и дека не може да не замолчи.“

Од Кремљ претходно предупредија дека собирањето на луѓе за погребот на починатиот руски опозициски лидер, е спротивно на законот. Во изминативе денови, полицијата уапси стотици луѓе кои положуваа цвеќе во спомен на Навални на локации низ целата земја. 

„Ние нема ништо да му кажеме на семејството на Навални. Само ќе потсетиме дека законот мора да се почитува. Секој неодобрен собир ќе биде кршење на законот, а оние кои ќе земат учество во нив ќе одговараат, се разбира во согласност со законот.“ – изјави Дмитри Песков портпарол на претседателот на Русија.

Меѓу оние кои излегоа да го испратат Навални беа и голем број на странски дипломати, меѓу кои амбасадорите на Франција, Германија и САД во Русија. Навални отслужуваше 30-годишна затворска казна откако беше осуден за екстремизам. Уапсен беше на 17 јануари 2021 година по враќањето во Русија од Германија, каде што се лекуваше од труење, за што ги обвини руските власти кои пак негираа вмешаност.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Едно лице загина во силна експлозија во магацин во изградба во Албанија

Следно

Скопјанец девет години криел дека мајка му е почината, па продолжил да користи семејна инвалиднина

Latest from Blog