Столтенберг: Украина ќе стане членка на НАТО, но „во долгорочна перспектива“

February 28, 2023
1 min read

Прашањето сега е да се осигуриме дека Украина ќе остане независна и суверена држава, а за тоа мора да ја поддржиме. Војната на претседателот Путин во Украина продолжува и нема знаци дека тој ги менува своите планови, додаде Столтенберг

Украина ќе стане членка на НАТО, но „во долгорочна перспектива“, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Земјите на НАТО се согласни дека Украина треба да стане членка на Алијансата, но во исто време тоа е долгорочна перспектива“,

рече Столтенберг за време на посетата на Финска при што повика да се изгради рамка за да се спречи во иднина Украина повторно да биде нападната.

Влезот на Украина во НАТО е апсолутна црвена линија за Москва која ги наведува ризиците поврзани со таквата интеграција како аргумент за оправдување на нејзината инвазија.

„Прашањето сега е да се осигуриме дека Украина ќе остане независна и суверена држава, а за тоа мора да ја поддржиме. Војната на претседателот Путин во Украина продолжува и нема знаци дека тој ги менува своите планови. Тој сака да ја контролира Украина и не се подготвува за мир, туку за продолжување на војната. Ние исто така треба да разработиме рамки кои ќе гарантираат дека претседателот Путин и Русија нема повторно да ја нападнат Украина“,

рече Столтенберг на заедничката прес-конференција со финската премиерка Сана Марин.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во стомакот на ајкула пронајдени останки на исчезнат Аргентинец

Следно

ТОА ШТО ГО ИМА ПОД РАСПАРЧЕНОТО ТЛО Е ЗАСТРАШУВАЧКИ – жителите на овој турски град уште долго нема да спијат мирно (ВИДЕО)

Latest from Blog

Божиновска: Македонија има најевтини и најквалитетни горива во регионот

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска порача дека горивата во Македонија се најевтини во регионот и воедно ги задоволуваат највисоките стандарди за квалитет. Во своето видео-обраќање на 10-тиот Регионален

Милионски криминал: Двајца управители затаиле над 7,4 милиони денари данок

Даночно затајување во износ од 7.426.323 денари утврди Управата за финансиска полиција, која до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две лица управители на правно лице и едно правно лице.

Ракометот ја обедини Битола: Сите советнички групи го поддржаа предлогот на Бојкоски

Како дополнителна точка на дневниот ред на денешната 12-та седница на Советот на Општина Битола, претседателот на Советот Бојан Бојкоски ја предложи одлуката за давање согласност за продолжување на периодот на времетраење

Спектакуларен крај на „Денови на Крали Марко“ со концерт на „Мизар“

Со прекрасна атмосфера, исполнет Амфитеатар во Варош и моќен концерт на легендарната група Мизар, викендов успешно беше заокружена традиционалната манифестација „Денови на Крали Марко“, во организација на Општина Прилеп. Во текот на
Go toTop