Столтенберг: Русија не го менува својот нуклеарен став

April 3, 2023
1 min read

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека Алијансата не видела никакви промени во нуклеарниот став на Русија.

– Досега не видовме никакви промени во нивниот нуклеарен став, што бара каква било промена во нашиот нуклеарен став, изјави Столтенберг во седиштето на НАТО во Брисел.

Русија на 25 март постигна договор со соседна Белорусија за распоредување на тактичко нуклеарно оружје на нејзина територија, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Ваквиот потег нема да ги прекрши обврските од договорот СТАРТ, рече Путин и додаде дека Америка стационирала нуклеарно оружје на територијата на европските сојузници.

Путин истакна дека изградбата на складиште за тактичко нуклеарно оружје во Белорусија ќе биде завршена на 1 јули и додаде дека Русија помогнала да се модернизираат белоруските воени авиони за да можат да носат нуклеарно оружје.

Рускиот амбасадор во Белорусија Борис Гризлов синоќа изјави дека руското тактичко нуклеарно оружје ќе биде распоредено во близина на белоруската граница со соседите на НАТО.

Гризлов, говорејќи за белоруската државна телевизија, рече дека руското нуклеарно оружје ќе биде „поставено поблиску до западната граница на нашата сојузничка држава“, но не даде прецизна локација.

– Тоа ќе ги прошири нашите одбранбени способности и ќе биде направено без оглед на вревата во Европа и САД, додаде Гризлов.

Белорусија дели 1.250 километри граница со членките на НАТО – Летонија, Литванија и Полска.

Тактичкото нуклеарно оружје има релативно мал дострел и значително помала моќност во споредба со нуклеарните боеви глави кои се вградени во стратешките ракети со долг дострел. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Доделени пехарите и медалите на најдобрите шахисти на турнирот во Гази Баба

Следно

У19: Македонските фудбалерки подготвени за УЕФА квалификацискиот турнир во Скопје

Latest from Blog

Студенти од Нови Сад најавија протест: „Србијо, дали се слушаме?“ во петок од 19 часот

Новосадските студенти во блокада објавија дека протестот „Србијо, дали се слушаме?“ ќе се одржи во петок, 5 септември во Нови Сад, со почеток од 19 часот. Стартната точка е крстосницата на улицата

Зеленски: Можно е „корејско сценарио“ за крај на војната во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека крајот на војната во таа земја е можен според „корејското сценарио“, но дека тоа не ѝ одговара на Украина од аспект на безбедносните гаранции. „Јужна

Прекин на услугите на Гугл во Источна Европа предизвика проблеми за корисниците

Корисниците во повеќе земји од Источна Европа, но и во САД, пријавија значителен и тековен прекин на услугите на Гугл, што предизвика сериозни нарушувања во работата и секојдневниот живот. Проблемите започнаа да

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не ги лаже младите и да им се извини за тоа што ги заборавија изминативе 7 години

Сериозно сме изненадени од настапите на Филипче по локалните средби со млади коишто си ги правел во текот на вчерашниот ден. Филипче им говорел на своите членови од младината, како тешко се
Go toTop