Столтенберг: Путин засекогаш ја загуби Украина, таа е поблиску до НАТО и ЕУ од кога било досега

December 22, 2023
1 min read

Истовремено, генералниот секретар на НАТО предупреди дека не треба да се потпираме на брз крај на војната и да не веруваме дека Путин ќе го промени курсот по неговиот очекуван реизбор на 17 март

Русија нема да ги постигне своите воени цели во Украина и покрај нејзините огромни напори, смета генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Во меѓувреме, според него, стандардот на живеење во најголемата земја во светот по површина енормно опаѓа.

Фото: Принтскрин

„Целта на инвазијата нарачана од претседателот Владимир Путин беше да се спречи Украина да се движи кон Европската унија и НАТО. По речиси две години војна, Украина сега е поблиску до НАТО и ЕУ од кога било досега“,

вели Столтенберг.

Според генералниот секретар на НАТО, Путин засекогаш ја загубил Украина.

„Русија со децении ја гледа Украина како дел од својата сфера на влијание. Ова е голем стратешки пораз за Русија“,

додава тој.

Сигурен е дека Украина на крајот ќе ја постигне целта за влез во НАТО.

300.000 загинати или ранети руски војници

Столтенберг истакна дека и Русија плаќа огромна цена за својата војна. Земјата веќе изгуби стотици авиони и илјадници тенкови, а 300 000 војници се убиени или повредени.

„Како резултат на војната, инфлацијата се зголемила, а паднал животниот стандард. Русија е политички поизолирана од порано“,

дадава тој.

Путин сака да окупира повеќе области

Истовремено, Столтенберг предупреди дека не треба да се потпираме на брз крај на војната и да не веруваме дека Путин ќе го промени курсот по неговиот очекуван реизбор на 17 март.

„Немаме знаци дека Путин ќе ги промени своите цели и неговите политики. Тој ќе продолжи да окупира повеќе области“,

рече Столтенберг.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во текот на вчерашниот ден билтенот на МВР забележал три каснувања од куче

Следно

Поради нападите на Хусите во Црвеното Море пренасочени 170 контејнерски бродови, 35 запрени

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop