Стојков за ТВ 24: Бугарија мора да одлучи дали ќе ги почитува или ќе продолжи да ги крши одлуките на Стразбур

December 25, 2024
1 min read

Потрошени се изговорите за непочитувањe на правата на Македонците, официјална Софија е пред раскрсница – конечно да ги спроведе пресудите од Стразбур или отворено да ги крши одлуките, порача, за ТВ 24, Стојко Стојков од ОМО Илинден-Пирин, за време на промоција на делото „Многуимените Други“ во МАНУ. Стојков вели дека за Комитетот на министри на Совет на Европа – аргументите на Софија се неприфатливи, а најави и голем бран на нови пресуди.

Стојко Стојков ОМО Илинден-Пирин – Нашата борба не запира ниту момент, ние продолжуваме да се обраќаме, има најразлични организации кои што се обидуваат да се регистрират, ако не успеат, одат во Стразбур, така што се очекува еден голем бран на нови пресуди. Се обидуваме во Европа , бараме канали. 

Според Стојков, можеби политичката сцена во Софија е нестабилна, но затоа позицијата кон македонското малцинство е константа. 

Стојко Стојков ОМО Илинден-Пирин – Се што правеше, за жал, Бугарија во изминатите децении, беше да наоѓа изговори – зошто нема да ги почитува правата на Македонците во Бугарија, зошто ќе ги негира, тие изговори се потрошени. Во комитетот на министри веќе, во своите извештаи стои констатацијата дека ова се неприфатливи аргументи и затоа сега Бугарија е во тешка дилема или да започне да ги применува пресудите на судот во Стразбур или да започе отворено да ги крши одлуките на Комитетот на министри. 

Според Стојков, Бугарија од 2016 година е ставена под силен мониторинг и била принудена да прави разни маневри да избегне казни. Комитетот на министри на Советот на Европа, пак, побара од Бугарија до крајот на декември да даде извештај за чекорите што ќе ги преземе во врска со пресудите на Европскиот суд за човекови права. Во Бугарија нема свест за правата на малцинствата, а Македонците се обесхрабрени да се самоидентификуваат, стоеше во последниот извештај на Советодавниот комитетна Советот на Европа.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот претседател Ердоган се состана со претседателот на ТРСК

Следно

СДСМ со ДЕМАНТ до ВМРО-ДПМНЕ: Не ги потценувајте земјоделците, тие знаат дека парите за субвенциите се проектирани од нашата влада  

Latest from Blog

Стејт департментот нуди награда од три милиони долари за информации за напади врз американските објекти во Ирак

Објавата уследи откако Амбасадата на САД во Багдад, Генералниот конзулат во Ербил и Центарот за дипломатска поддршка во Багдад постојано се цел на напади од почетокот на војната меѓу САД и Израел

Николоски: Политиките на субвенционирање донесоа силен раст во авиосообраќајот

Значителен раст на бројот на патници и отворање на нови авиолинии бележат македонските аеродроми, што според заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски е резултат на актуелниот модел на

Ќе ги отстрани ли некој питачите на семафори: Загрозуваат безбедност, а казните се 15 евра

Конкуренцијата на питачи на раскрсниците низ Скопје се зголеми во последните месец дена и со тоа се зголеми и ризикот по сите учесници во сообраќајот. До неодамна само на две-три раскрсници имаше
Go toTop