Ќе ги отстрани ли некој питачите на семафори: Загрозуваат безбедност, а казните се 15 евра

April 1, 2026
2 mins read

Конкуренцијата на питачи на раскрсниците низ Скопје се зголеми во последните месец дена и со тоа се зголеми и ризикот по сите учесници во сообраќајот.
До неодамна само на две-три раскрсници имаше чистачи на шофершајбни кои бараат пари и во случај да ги одбиете да ви исчистат некое од стаклата на абтомобилот.
Сега, освен на Ист Гејт, Судска палата и раскрсницата во Автокоманда, „хонорарци“ кои чистат за минимум 30 денари има и кај Мавровка, Железничка станица, по семафорите на Партизанска и во Маџари на улицата Перо Наков.

Најголем дел од оние што питаат или чистат прозори, ги носат и своите деца со себе и на овој начин со нивното присуство на фреквентните улици тие најпрвин го изложуваат својот живот на опасност и истовремено пречат во ефективното и безбедно одвивање на сообраќајот. Згора на тоа, откако ќе си заминат чистачите зад себе оставаат еден куп ѓубре кое потоа никој од службите кои се надлежни не го чисти со недели.

Нивното појавување по улиците не е ниту ново ниту од вчера, туку од многу одамна. Се поставува прашањето зошто, иако не е дозволено, тие се оставени да бидат присутни во метежот од возила по ризик на нивниот и животот на сите учесници во сообраќајот.

„Фокус“ се обрати до МВР зошто министерството не ги казнува и отстранува овие граѓани кои предизвикуваат хаос во сообраќајот, дел од нив се насилни и дел од нив носат деца кои лесно може да бидат повредени во сообраќајот.

„Ве известуваме дека од страна на МВР континуирано се преземаат мерки и активности за сузбивање на оваа појава. Сторителите на прекршокот се приведуваат во подрачната полициска станица или на лице место им се издава записник за сторен прекршок по член 24 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Во соработка со ЈУ Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, МВР презема мерки и активности против лицата кои питачат.
Од страна на МВР против родителите на децата кои питачат се поднесуваат кривични пријави по член 201 од Кривичниот законик до ОЈО Скопје за нивна понатамошна постапка“, велат од МВР за „Фокус“.

Согласно член 112 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, пешакот не смее да се движи и да се задржува на коловоз.

„(1) Пешакот, по правило, не смее да се движи и да се задржува на коловозот, освен во случаи предвидени со овој закон. (2) Ако пешакот се движи по коловозот, тој задолжително треба да се движи што поблиску до работ на коловозот и тоа мошне внимателно и на начин на кој не го попречува или не го спречува сообраќајот на возилата. (3) Прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност, ќе му се издаде на пешакот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член“, стои во член 112 од Законот за безбедност.

Во однос на лице со инвалидска количка исто така согласно член 121 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата смее да се движи само по тротоар. Но, прекршокот за движење по коловоз и пешачки премин спротивно на законот е само 15 евра.

„Член 121 (1) Лице кое се движи со помош на подвижен стол за немоќни лица што се движи со силата на сопствен мотор, може по исклучок да се движи и по тротоар ако брзината на неговото движење не е поголема од брзината на пешачки од. (2) Прекршочен платен налог со глоба во износ од 15 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на лицето кое постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член“, се вели во законот.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Младите босанци не се поздравија со израелците (ВИДЕО)

Следно

Николоски: Политиките на субвенционирање донесоа силен раст во авиосообраќајот

Latest from Blog

„Ливерпул нема да ја освои титулата“

фото: Liverpool FC (X) Поранешниот англиски репрезентативец и напаѓач на Ливерпул, Питер Крауч, даде многу песимистичко предвидување за својот поранешен клуб пред новата сезона. Крауч верува дека „црвените“ немаат доволно квалитетен тим

Судија го блокираше обидот на Трамп да го премести седиштето на ФБИ

Судот вчера пресуди дека администрацијата незаконски го отфрлила претходно одобрениот план за изградба на нов комплекс во Мериленд. Станува збор за спор што трае со години, пишува „Еуроњуз“. Локацијата во Гринбелт, Мериленд,

Цела Македонија е со висок индекс за пожари

Според метеоролошкиот индекс на пожар, речиси целата територија на Република Северна Македонија е во зона со висок ризик од пожари (портокалова боја), информираат од Центарот за управување со кризи. Според извептајот, исклучок

Депортиво и Елче ги поделија бодовите

Во единствениот меч од денешката Примера програма екипата на Депортиво Ла Коруња на домашен терен не успеа да ја искористи предноста на својата публика и одигра 1:1, со тимот на Елче. Домаќинот

Русија е во потрага по синот на американскиот министер за здравство- се борел на страната на Украина

Конор Кенеди, кој е правнук на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди, се приклучи на Украинската меѓународна легија на самиот почеток на руската инвазија. Неговиот татко, Роберт Ф. Кенеди помладиот, ја презеде
Go toTop