СДСМ со ДЕМАНТ до ВМРО-ДПМНЕ: Не ги потценувајте земјоделците, тие знаат дека парите за субвенциите се проектирани од нашата влада  

December 25, 2024
1 min read

Од опозициската СДСМ експресно стигна демант на тврдењата на ВМРО ДПМНЕ и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, дека ‘оваа година е прва, во која се исплаќаат субвенции за тековната програма за директните плаќања, во висина од 70 милиони евра’. 

Од опозициската партија им порачаа на ДПМНЕ и Трипуновски  дека ‘срамно е да се фалат со туѓи мерки’ но, и дека уште посрамно е да лажат дека ‘ за првпат вовеле ваква исплата’. Од СДСМ велат дека „Годишната програма за исплата на субвенциите за 2024 година“ ја донесе Владата на СДСМ, во јануари годинава и затоа според нив Трипуновски и  ВМРО-ДПМНЕ,  ‘да не ги потценуваат земјоделците, бидејќи токму земјоделците знаат кога за прв пат добиле исплата на субвенции од тековна програма во тековната година’.

„Исплата на субвенциите е продолжување на процесот од минатата година, како една од мерките и систем на исплата донесен од Владата на СДСМ. Ова не е нов модел. За првпат според моделот за авансна исплата на субвенциите донесен од СДСМ е направена  минатата година. Измената на програмата за авансна исплата на субвенциите и зголемувањето на буџетот за субвенции започна пред три години. Минатата година за првата година кога земјоделците добија авансна исплата на субвенциите во тековната година, за прв пат од 2005 година од кога се воведени субвенциите“, велат од СДСМ.

„Само во сточарството кај млечните крави ја зголемивме субвенцијата за оваа година од 4.000 денари на 12.000 по грло. Ова е вистинска грижа за земјоделците и долгорочна стратегија за развој на земјоделството.

уште еднаш покажаа тотоална безидејност кога е во прашање поддршката на земјоделството и земјоделците“, пишува во партиското соопштение.

Од СДСМ ги повикуваат ДПМНЕ и Труипуновски да не даваат лажни тврдења дека ‘се работи и за исплата на заостанати субвенции, бидејќи сите исплати се од тековната прграма за 2023 година и 2024 година’. 

Вчера министерот Трипуновски, се пофали дека ‘Владата за 6 месеци го расчистила она што земјоделците го чекаа со години’. 

„Исплатени се досега рекордни 70 милиони евра за субвенции, редовни, но и заостанати од минатите години. Обезбедени се околу 40 милиони евра потрошени за исполнување на обврските од претходните години. Во претходните два дена се исплатени 28 милиони евра за субвенции на 78 илјади земјоделци за тековната 2024 година. А поделени се субвенции за кравјо, овчо и козјо млеко, за обработлива земјоделска површина, за употреба на сертифициран семенски материјал, за одржување на постоечки овошни и лозови насади, за сточарско производство“, рече Трипуновски.

Според СДСМ со вакви информации Трипуновски, манипулира. 

„Не се потрудивте да понудите ниту нова мерка, ниту зголемени субвенции. Доста им е на земјоделците од лаги и манипулации, потребни им се мерки и политики за да бидат профитабилни и конкурентни“, велат од СДСМ.

Министерот Трипуновски, најави дека во 2025 година, ќе продолжи и мерката „Здрава ужинка за секој ученик“ која ја започна Владата на СДСМ. 

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Стојков за ТВ 24: Бугарија мора да одлучи дали ќе ги почитува или ќе продолжи да ги крши одлуките на Стразбур

Следно

Активни забрани за камиони на патот Тетово – Попова Шапка и на преминот Маврово

Latest from Blog

Поранешниот советник на Трамп призна вина за непрописно ракување со тајни документи

Болтон, кој сега е истакнат критичар на американскиот претседател, првично се изјасни за невин по 18 точки од обвинението за нелегално ракување со класифициран материјал, пишува Би-Би-Си. Меѓутоа, денеска се изјасни за

Кацарска: ЕУ е под притисок да го редефинира проширувањето – Црна Гора и Албанија во фокусот на новите дипломатски иницијативи

Дискусијата за проширувањето на Европската Унија добива нова динамика преку серија „нон-пејпери“ и предлози од државите членки, поттикнати од потребата за итно решавање на статусот на Украина, но и од притисокот да
Go toTop