Стојаноски: Со власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ растат платите во образование, здравство, полиција, армијата и администрацијата

November 24, 2024
1 min read

На гостувањето на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски го пофали договорот на Владата за покачување на платите во здравството, бидејќи како што вели тој, сега Владата има слух за барањата и ги решава проблемите.

-Јас сум многу задоволен кога ќе ги видам и претставниците на синдикалните здруженија кога ќе ги пофалат одредени потези на Владата, бидејќи во минатото многу често нив ги гледавме во улога пред Владата на протести барајќи си ги своите основни права. А, впрочем ние и за тоа ја добивме власта, тоа го понудивме на граѓаните и затоа победивме, потенцираше Стојаноски.

Пратеникот посочи дека опозицијата, кога била власт, не нашла начин и по седум години владеење, да ги зголеми платите на полицијата, армијата и администрацијата, а сега преку амандмани барале покачување на истите, без да проверат во буџетот дека ќе се зголемат платите во овие сектори.

-Пораснаа платите во образованието, пораснаа во здравството, ќе се покачат и на полицијата, во армијата целосно се почитува колективниот договор. Исто така има предвидено средства и за покачување на минималната плата и за покачување на платите и во државниот и приватниот сектор, појасни Стојаноски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Градинката во Арачиново никако да се отвори, Ибрахими го обвинува Лимани, Лимани, пак, министерството за финансии

Следно

РК Вардар му го нансе првиот пораз на РК Алкалоид во Супер Лигата

Latest from Blog

ВРЕДИ: ДУИ пред избори зборува за чист воздух, додека 20 години го труеше народот

Коалицијата Вреди остро ја обвини ДУИ дека две децении наназад го разнебитувала системот и ги оставила граѓаните да живеат во корупција и загадување. „ДУИ, која две децении по ред ги труеше граѓаните

Ѓорѓиевски: Институциите итно да ги санкционираат предизвикувачите на пожарот

После повеќе од 15 часа борба со огнената стихија во Трубарево, градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, информира дека пожарот е целосно изгаснат, со исклучок на неколку ситни

На опожареното складиште во Трубарево поставена е мерна станица која ќе биде на функција 24 часа

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска повторно беше на теренска посета на опожареното складиште во Трубарево, каде денес е поставена мерна

Бранислав Светозаревиќ ќе ја предводи советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ ја претстави советничката листа за Општина Тетово, чиј носител ќе биде историчарот и архивист Бранислав Светозаревиќ Покорни. „За Тетово со чесност, визија и луѓе кои знаат што значи љубов кон татковината.
Go toTop