Ѓорѓиевски: Институциите итно да ги санкционираат предизвикувачите на пожарот

September 14, 2025
1 min read

После повеќе од 15 часа борба со огнената стихија во Трубарево, градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, информира дека пожарот е целосно изгаснат, со исклучок на неколку ситни чадења.

„Околу 90% од зафатената површина е веќе под земја и пожарот е целосно изгаснат. Ситуацијата во Дрисла е исто така под целосна контрола“, изјави Ѓорѓиевски, кој денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и колегите Бобан и Дејан беше на терен.

Тој нагласи дека пожарот е предизвикан од крајно несовесни лица и побара институциите итно да ги откријат и санкционираат виновниците.

Ѓорѓиевски упати благодарност до пожарникарите, полицијата и сите општествено одговорни компании кои учествуваа во гаснењето на пожарот и работеа без прекин повеќе од 24 часа.

„Овој ужасен настан не смее никогаш повеќе да се повтори,“ порача градоначалникот.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмалку 48 лица загинаа во израелските напади низ Појасот Газа

Следно

ВРЕДИ: ДУИ пред избори зборува за чист воздух, додека 20 години го труеше народот

Latest from Blog

Коњановски: Заеднички ќе ги следиме мерките за заштита на животната средина во Битола

На иницијатива на градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска се одржа првата седница на Координативното тело за следење на имплементацијата на Локалниот еколошки акционен план (ЛЕАП) на Општина Битола. Координативното тело

НАПАД СО НОЖ ВО УЧИЛИШТЕ ВО ПОЛСКА: Повредени се најмалку осум лица, уапсен е 19-годишен ученик

Според најновите податоци, најмалку седум лица се повредени – од кои две потешко – во напад со нож во училиште во градот Остроленка во централна Полска во средата, објави полската радиостаница RMF.

Македонија со пад од две места на новото рангирање на ФИФА

Фудбалската репрезентација на Македонија забележа пад од две позиции, па на најновото рангирање на ФИФА е на 71-вото место. Нашите фудбалери забележаа четири порази во Лигата на нации во септемвриско-октомврискиот прозорец и

Димитриеска – Кочоска: Една година по СЕПА, граѓаните и компаниите имаат полесни плаќања во евра

Една година по приклучувањето на Македонија кон СЕПА, граѓаните и компаниите имаат побрзи, поедноставни и поефикасни плаќања во евра, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Таа посочува дека приклучувањето кон Единствената европска
Go toTop