Стоилковски: За Ковачевски не се важни пациентите, туку спасот на Груби!

March 8, 2023
1 min read

Додека нема лекови и болни умираат, аѓутантот Димитар Ковачевски за да го спаси Артан Груби, го заложи здравството и половина клиники! За мирот на Груби, Ковачевски во залог даде директорски места на половина клинички центар, обвинува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Во продолжение следува интегрален текст од неговата прес-конференција:

Само за трговија за спас на Груби,
Нови директори добија:
Клиниката за неврологија,
Клиниката за онкологија,
Клиниката за дерматологија.
Клиниката за гинекологија, Клиниката за офтамологија.
Заради Груби, нов директор има и клиниката Козле,
А, директор добива и Здравствен дом Скопје.

Толку директори на клиники не се сменети ниту заради несреќи, ниту заради починати пациенти, ниту заради немање на медицински материјали, тендери, скандали, криминално коруптивни ужаси, ниту заради лоши услови или незадоволни медицински членови на персоналот!

За Ковачевски, почитувани, не се важни пациентите туку спасот на Артан Груби.

Ковачевски смени директори и на Фондот за пензиско, и на Македонски пошти, среде најголемата енергетско економска криза, се тргува и со директор на МЕПСО!?

Но, што е тоа во замена за кариерата на Груби во владата на ДУИ, во која Ковачевски е аѓутант?

Се, само за Груби да продолжи да си игра фудбал во канцеларија!

Почитувани, единствена цел на СДС сега е продолжување на рокот за крадење, на тендери, на злоупотреби и криминал. Цената којашто за тоа ја плаќа народот е преголема.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Заканувачки пораки за експлозии доби Европската комисија

Следно

Перез го менува Анчелоти со Артета

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop