Стоилковиќ-Ле Риголер: Стратешки проекти за зајакнување на суверенитетот на земјата

September 18, 2024
1 min read

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ денес оствари работна средба со новоименуваниот амбасадор на Република Франција, Кристоф ле Риголер. На средбата, како што соопштија од кабинетот на вицепремиерот било потенцирано дека имплементацијата на стратешките проекти подразбира зајакнување на суверенитетот на земјата, но и на ЕУ, особено заради интеграција на регионот во целина.

На средбата биле разменети мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот, со фокус на билатералните односи меѓу двете земји, како и зајакнување на соработката во полето на меѓуетничките односи.

-Двајцата соговорници се согласија дека имплементацијата на стратешките проекти подразбира зајакнување на суверенитетот на земјата, но и на ЕУ, особено заради интеграција на регионот во целина, како и дека добрата соработка меѓу владините институции е клучна за одржување на стабилноста и просперитетот, соопштија од кабинетот на вицепремиерот и министер за односи со заедниците, Иван Стоилковиќ.

Тој на новоименуваниот амбасадор Ле Риголер му посакал успешна дипломатска работа во земјава и воедно изразил благодарност за континуираната поддршка од Франција, особено во процесот на евроинтеграциите на Македонија и за заложбите за промоција на заедничките вредности, како што се еднаквоста, почитувањето на различностите и мултикултурниот дијалог.

Амбасадорот Ле Риголер истакнал дека Франција ќе продолжи да ја поддржува земјата на патот кон Европската Унија, но и во имплементацијата на стратешки проекти, нагласувајќи го значењето на заедничките иницијативи за унапредување на толеранцијата и соживотот меѓу различните заедници.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Србија и САД потпишаа Договор за стратешка соработка во областа на енергетиката

Следно

Андоновска: Систематски прегледи од високо професионален кадар во ИЈЗ

Latest from Blog

Трагедија во Стокхолм: Автобус удри во станица, неколку мртви

Неколку лица загинаа, а неколку други беа повредени кога автобус се урна во автобуска станица во Стокхолм во петокот, соопшти шведската полиција, додавајќи дека нема информации што укажуваат дека станува збор за

Меџити најавува зајакнување на деловната соработка со Турската стопанска комора во Македонија

Градоначалникот на Општина Чаир и коалициски лидер во Владата, Изет Меџити, денес оствари средба со делегација од Стопанската комора Македонија–Турција (МАТТО), составена од Фатих Шахбаз, Ајдован Адемоски, Имер Селмани и Шахпаз Молалиев.
Go toTop