Македонските млади ракометарки дел од програмата „Почитувај го твојот талент“

July 16, 2025
1 min read

Дел од македонските млади ракометарки кои се со младинската репрезентација на Европското првенство во Црна Гора беа учеснички на програмата „Почитувај го твојот талент“ организирана од Европската ракометна федерација (ЕХФ).

На собирот со врсничките во спортска сала „Верде“ во подгорица беа: Софи Гошевска , Дарија Наумоска , Дона Тодоровска, Анастасија Трпеска и Михаела Кралева.

Програмата беше водена од вистински ракометни легенди – Ана Грос, Катрин Лунде и Ана Вјахирева, кои ги споделија своите искуства и совети со идните ѕвезди на европскиот ракомет.

Теми на кои беше ставен акцент: Одговорноста на и надвор од теренот; балансирање меѓу личниот живот и професионалната кариера и менталната подготвеност и личен развој, горди сме што нашите млади ракометарки се дел од иницијативи кои ја градат иднината на спортот – не само како спортисти, туку и како личности!

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Висок американски дипломат: „Страните се согласија за чекорите со кои ќе се стави крај на ситуацијата во Сирија вечерва“

Следно

Земјотрес почувствуван во Македонија, епицентарот во Косово

Latest from Blog

И Фенер, Цеље, Бодо… во плеј – офот во ЛШ! Растодер со Панатинаикос во плеј – офот во ЛК

ФОТО:facebook.com/Fenerbahce Вечерва се одиграа неколку реванш мечеви од 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, па така се познати и дел од учесниците во плеј-офот во натпреварување. Како што веќе пренесовме, Никола Серафимов

Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот на плажите

Уредувањето и користењето на охридските плажи на Општина Охрид и на ЈП „Охридски комуналец“ им носи вкупен годишен приход од приближно 700.000 евра, средства кои, според локалната самоуправа, одиграле клучна улога во
Go toTop