Стефковски: Времето на СДСМ во Гази Баба е завршено

January 31, 2023
1 min read

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски вчера соопшти дека ќе се издаде Обврзница за брз развој на општината, по што пристигнаа критики од СДСМ.

Стефковски реагираше на критиките од СДСМ и кажа кои проекти ќе се реализираат преку издавањето на Обврзницата.

– Општина Гази Баба е тргната по патот на напредокот и развојот и од тој пат враќање назад нема. За повеќе од една година во општината се реализирани голем број на проекти, а само во првиот месец од новата година на територија на општина Гази Баба се започна со изградба на нови седум километри фекална канализација, изградба на пешачки патеки и асфалтирање на локални улици.

Дополнително, преку постапката за издавање на Обврзницата за брз развој се обезбедуваат финансиски средства за изградба на:

– Нова училишна зграда на ООУ Крсте Мисирков

– Две нови детски градинки

– Целосна изградба на фекалната канализација во Јурумлери

– Целосна изградба на фекалната канализација во Гоце Делчев

– Реконструкција на Културниот дом во Ченто

– Изградба на пречистителна станица за отпадни води во Црешево

– Изградба на други канализациони системи

– Изградба на локални улици

Граѓаните предолго чекаа и немаат повеќе време за чекање. Време е за брз развој на општина Гази Баба. Доколку СДСМ е толку загрижена за граѓаните и општина Гази Баба ги прашувам: зошто не обезбедуваат средства од буџетот на Република Македонија за изградба на новата училишна зграда на ООУ Крсте Мисирков, нешто што и СДСМ го ветуваше на граѓаните? Нема да дозволам поради своите деструктивни политики, СДСМ да го закочи брзиот развој на општина Гази Баба. Времето на СДСМ во Гази Баба е завршено, информира Стефковски.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Пакистан: Бројот на загинати во самоубиствениот напад врз џамија се искачи на 93

Следно

МВР: 178 санкции за брзо возење

Latest from Blog

Ѓорѓиевски: Бесплатен летен одмор во Охрид за 140 деца од Кисела Вода

2 На 19 август 2025 година, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски организираше бесплатна летна екскурзија за 140 ученици од општина Кисела Вода. Учениците, кои се дел од општинските спортски таленти, беа испратени на летен

Омерагиќ: Нема повеќе котизација, парите остануваат кај клубовите

Клубовите од Втората македонска фудбалска лига од оваа сезона ќе се натпреваруваат без обврска за плаќање котизација, соопшти претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ. „Со оваа одлука правиме значаен чекор

Татко ги заборавил двете ќерки на одморалиште на автопат – минал 100 километри, и потоа добил повик…

Разведен татко од Франција, кој бил на одмор во Италија, се соочил со неверојатна случка. Неговиот одмор за малку ќе се претворел во „пекол“ откако додека се враќал дома, увидел дека на
Go toTop