Стефковски на средба со турскиот амбасадор: Сочувствуваме со турскиот народ

February 9, 2023
1 min read

Денес, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски оствари средба со Амбасадорот на Турција во Република Македонија Н.Е Хасан Мехмет Секизќок.

– На средбата изразив сочувство во мое име и во името на граѓаните на општина Гази Баба до турскиот народ и турската држава за големиот број на загинати, повредени и големата материјална штета која настана како последица на траорниот земјотрес кој ја погоди Турција. Дополнително на Амбасадорот Н.Е Хасан Мехмет Секизќок му понудивме и други форми на помош кои општина Гази Баба може да ги понуди на турската држава, порача првиот човек на Гази Баба. 

Општина Гази Баба негува пријателски однос со турскиот народ и тоа ќе продолжи така и во иднина. По средбата со Амбасадорот во резиденцијата, ја посетив Амбасадата на Турција каде што се потпишав во отворената книга на жалост, додаде Стефковски.

По средбата со Амбасадорот во резиденцијата, Стефковски ја посети и Амбасадата на Турција каде што се потпиша во отворената книга на жалост. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Владата на Црна Гора потврди дека пописот ќе се одржи од 1 до 15 ноември

Следно

Туркије: Петчлено семејство спасено од под урнатините 80 часа по земјотресот

Latest from Blog

„Доматот не е веќе ни за кечап“ – Апаратурата е неисправна, увозниците чекаат на граница

„Еве тука..Се расипаа доматите целосно, ниту фрижидерот не работи, ни ништо, горивото се потроши…“ Транспортерите на овошје и зеленчук се жалат дека останале блокирани на граничниот премин Ќафасан, во чекање на резултатите

Таравари: Посакувам успех за „Влен“, АА на локалните избори оди со свои листи

Министерот за здравство Арбен Таравари во денешната изјава за медиуми рече дека се радува што „Влен“ се обедини, а како Алијанса за Албанците ќе излезеле со нивни сопствени листи на локалните избори

Формирана меѓупартиската парламентарна група за следење на имплементацијата на обврските од берлинскиот процес и реформската агенда од планот за раст

Преговарачката рамка за земјава на патот кон нејзините евроинтегративни процеси не може да се менува но затоа преку Берлинскиот процес дипломатскиот кор во земјава ќе биде многу поупатен за предизвиците пред кои
Go toTop