Стартува меморијалниот турнир „Љубомир Рајчевски – Рајче“: Глуво(вуд) подготвен за 45-дневниот фудбалско-естраден спектакл

July 14, 2023
1 min read

Во село Глуво, општина Чучер Сандево ќе се одржува еден од најголемите турнири во мал-фудбал.

Во чест на легендарниот вардаров фудбалер „Љубомир Рајчевски – Рајче“, по 17-ти пат во ова скопско село, се организира меморијалниот турнир. Љубителите на фудбалската игра ќе може да уживаат и богатата забавно-естрадна програма која ќе биде дел од 45-дневното дружење.

На турнирот ќе учествуваат 24 екипи поделени во 4 групи, а ќе бидат одиграни без малку 150 натпревари.

Почнувајќи од вечерва (петок – 14 јули) од 20 часот, ќе се играат четири натпревари во ден. Само двете последно пласирани нема да обезбедат пласман во разигрувањето односно осминафиналето.
Организациониот одбор, се погрижи да обезбеди и одличен награден фонд за трите првопласирани екипи во вкупна вредност од 300.000 денари.

Како што самите мештани велат „GLUVO-WOOD“ е подготвен, дојдете да се забавувавме.

 

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Министерката Шукова ќе се појави на протестот против рудникот во Иловица

Следно

ИЗЕЛА ХОТ-ДОГ И СЕ СТРУПОЛИЛА НА ЗЕМЈА ОД КАДЕ НЕ СЕ РАЗБУДИЛА – детали за смртта на 16 годишното девојче во Ханиоти!

Latest from Blog

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите
Go toTop