ИЗЕЛА ХОТ-ДОГ И СЕ СТРУПОЛИЛА НА ЗЕМЈА ОД КАДЕ НЕ СЕ РАЗБУДИЛА – детали за смртта на 16 годишното девојче во Ханиоти!

July 14, 2023
1 min read

Местото Даутбал кај Солун го зафати тага по ненадејната смрт на 16-годишното девојче, кое почина во раните утрински часови во средата на Халкидики, откако претрпе алергиски шок.

Според мајката на несреќната тинејџерка, таа била во Ханиоти со пријателите на одмор. Тие излегле на забава во вторникот навечер, а потоа отишле да јадат во локалниот ресторан за брза храна во раните утрински часови, во средата.

– Ќерка ми јадеше виршла, но е алергична на млечни производи и отсекогаш била внимателна кога јаде надвор. Не знам што точно се случило, и дали има нешто млечно во тоа што јадела – рекла неутешната мајка.

Таа додала дека девојката колабиралa штом го изела хот-догот.

Една од нејзините пријателки веднаш истрчала во собата каде што престојувале да и донесат лекови, а во исто време повикале брза помош.

Меѓутоа, според мајката на жртвата, помошта пристигнала по 45 минути, кога веќе било доцна.

– Од првите докази се чини дека моето девојче доживеало алергиски шок и затоа почина. Таа беше најубавото дете и почина на само 16 години, без помош. Во Здравствениот дом двапати се обиделе да ја вратат во живот, но не успеале – истакнала мајката.

Неутешената жена додала дека не знае зошто ѝ требало толку време на брзата помош да пристигне на местото на настанот.

– Беше пет часот наутро, немаше метеж – забележа таа.

„Прототема“ пишува дека 16-годишната девојка земала лекови во последните неколку години бидејќи страдала од епилептични напади.

Наводно прашала дали храната содржи состојки кои и биле забранети, бидејќи е алергична, пренесува медиумот.

Наводно во ресторанот и дале негативен одговор, а откако девојката го консумирала оброкот – доживеала алергиски шок.

Таа денеска ќе биде погребана во родното место, додека се чекаат резултатите од обдукцијата.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Стартува меморијалниот турнир „Љубомир Рајчевски – Рајче“: Глуво(вуд) подготвен за 45-дневниот фудбалско-естраден спектакл

Следно

Трансферот на Кантона највреден во историјата на Премиер лигата

Latest from Blog

Дејан Манасков доби нов договор

Битолскиот клуб и македонски шампион Е.Пелистер објави дека искусниот Дејан Манасков го продолжи договорот со овој клуб, „Шампионскиот ген на Дејан Манасков и следната сезона ќе ги радува навивачите на Еурофарм Пелистер.

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара
Go toTop