„Становите се наши, не смеете да ги купите“ – Небиу: Закани кон вработените на Агенцијата за одземен имот

November 15, 2023
1 min read

реклама


Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу, тврди дека вработените добиваат закани поради постапките за продажба на недвижен имот кои во последно време се ставени на аукција. Моментално на аукција се становите на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, од правосилната пресуда за предметот “Империја“.

„Верувам дека јавноста треба да биде информирана за вознемирувањата и навредите за спречување на спроведувањето на продажбата на одземениот имот, продажби кои се вршат според законската регулатива на Владата на РСМ. Сите проблеми се пријавени во Обвинителство и сите истражни органи, затоа не сакам да навлезам во детали“, вели Дритон Небиу.

реклама

Но за какви закани станува збор и во каква форма?

Небиу нагласи дека досега нема потреба од страв и дека, како што вели, нема да дозволи никој да ја спречи продажбата на имотите за кои постојат судски одлуки, додека ги повика сите граѓани без страв да се пријават на аукциите на Агенцијата. Инаку, според податоците од Агенцијата, имотот на Мијалков е со вредност од 330 илјади евра.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општина Тетово го намалила долгот за 6 милиони евра – Касами: Владата не ни го прости долгот, ќе го платиме на рати

Следно

Пронајдено одземено возило во Битола, крадецот приведен

Latest from Blog

Проданоски: Соработката меѓу општините е двигател на развојот

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП

Божиновска: Стартува голем инвестициски циклус за енергетска обнова на јавните згради

Денес се одржа онлајн координативен состанок со сите релевантни чинители во процесот на енергетска трансформација, на кој учествуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, при што беше означен

Комерцијална банка најликвидна, а ЗОИЛ Македонија со доминантен блок – МБИ10 со пад од 0,15%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 30 март 2026 година, индексот МБИ10 се намали за 0,15% и заврши на 9.918,01
Go toTop