Општина Тетово го намалила долгот за 6 милиони евра – Касами: Владата не ни го прости долгот, ќе го платиме на рати

November 15, 2023
1 min read

реклама


Долгот на општина Тетово за две години е намален од 14 милиони на 8 милиони евра, изјави градоначалникот на општината, Биљал Касами, на средба со новинарите. Според него, тоа е направено благодарение на доброто управување, зголемената стапка на плаќањето на даноците и намалувањето на непотребните трошоци. Касами објасни дека претходното раководство платилo на извршител 1,2 милиони евра за проект кој не е реализиран. Освен тоа, не е евидентиран целиот долг и имало обиди тој да се сокрие, потенцира Касами. Дополнително обајсни за прашањето за исплата на долгот преку обврзницата на Владата и Министерството за финансии. Според него, Владата не и го простила тој долг на општината, туку општината десет години по ред ќе треба да плаќа по 400.000 евра секоја година на Владата, која потоа ќе го исплати долгот кон компанијата.

„Додека дојдов јас, и Владата и Општината беа предводени од иста партија и ние знаеме дека Владата го исплати пола од долгот и за две години, општината двојно го зголеми долгот, во тој случај зошто Владата во тоа време не излезе и каже дека тие го намалиле долгот. Сега мило ми е што се фалат, но која друга општина која е под раководство на ДУИ го искористила овој инструмент. Толку биле милосливи и ѝ го платиле долгот само на општина Тетово и Желино, каде се општините на ДУИ за кои знаеме дека се до гуша во долгови“, порача Касами.

реклама

На оваа средба со новинарите, градоначалникот на Тетово истакна дека обврзницата не им е дадена како пари затоа и градоначалниците на другите општини не биле заинтересирани бидејќи не можат да ги злоупотребат.

„Со интензитетот на работите кои ги вршиме во делот на инфраструктурата и ЈП Државни патишта асфалтираше неколку улици во Тетово. Каде беа за да го направат истото. Затоа уште еднаш ќе кажам дека општина Тетово има ново раководство на чело на општина и ја обврзуваме и Владата да има поинаков пристап кон Тетово. Бидејќи Владата беше иста и пред да дојдеме ние на чело на општина Тетово но ја игнорираше целосно општина Тетово“, вели Касами.

реклама

Касами истакна дека една година работел со секторот за финансии и буџет за да ја добијат таа обврзница. Клучно за да ја добијат обврзницата од Владата бил договорот со бизнисите, а според Касами со најголемиот дел од овие бизниси имаат договор долгот да се плати на рати, а бизнисите не се уценети – кога ќе се направи исплаќањето да побараат процент.

реклама



VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Демировски: Во Европа има 5-6 држави кои произведуваат мала муниција, Македонија е една од нив

Следно

„Становите се наши, не смеете да ги купите“ – Небиу: Закани кон вработените на Агенцијата за одземен имот

Latest from Blog

Пирло е главен кандидат за селекторското место на Италија

ФОТО: FC Juventus/FB Легендата на италијанскиот фудбал, Андреа Пирло, е главен кандидат за нов селектор на Италија. Познатиот весник „Газета дело Спорт“ објави дека новата структура на италијанската федерација предводена од Паоло

ОВА Е ЖЕНАТА, РУСКИ ШПИОН, која била уфрлена кај Епштајн да ја следи западната политичка и бизнис елита

Агент на руската безбедносна служба ФСБ живеел со Епштајн со години, собирајќи компроматирачки информации и материјали за мировната елита и службениците, објави Le Monde и The Newsground. Покрај неговиот интерес за млади руски жени

Со 69 гласа изгласани се новите министри во Владата

Собранието попладнево со 69 гласа „за“, без ниту еден глас „против“ или „воздржан“, ја изгласа реконструкцијата на владиниот кабинет. Новите министри ја добија довербата од пратениците и во наредниот период ќе раководат

Ал-Наср во финансиски проблеми: Соиграчите на Роналдо добиле само пола плата за јуни

Ал-Наср, каде што игра Кристијано Роналдо, се соочува со финансиски тешкотии. Неколку од играчите на тимот наводно добиле помали плати од нивната целосна плата за јуни, но раководството на клубот работи на

Французин во Сингапур ја излижа сламката и ја врати меѓу чистите. СУДЕЊЕТО МУ Е ОДЛОЖЕНО (ВИДЕО)

Судењето на 19-годишен Французин обвинет дека се снимал себеси во Сингапур како лиже сламка од машина за сок, а потоа ја враќа во садот, е одложено бидејќи обвинителите се обидуваат да разјаснат
Go toTop