Стано: Одлуката на Косово за укинување на Управувачкиот тим за ЗСО го нарушува духот на договорот за дијалог

May 4, 2023
1 min read

Стано рече дека посредниците во дијалогот ќе ги поканат главните преговарачи да започнат преговори, а доколку има потреба ќе биде поканет и Управувачкиот тим да учествува во процесот

Одлуката на Косово да го распушти Управувачкиот тим кој го подготви Статутот на Заедницата на српски општини (ЗСО), го крши словото и духот на договорот за дијалог. Секоја одлука во врска со тимот мора да биде одобрена во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина, со посредство на Европската Унија, изјави портпаролот на Унијата, Петар Стано, јавува дописникот на МИА од Белград.

Стано нагласи дека според договорите постигнати за дијалогот, јасно е дека Управувачкиот тим мора да функционира до донесување на статутот на ЗСО.

Тој потсети дека првиот нацрт беше претставен од страна на овој тим на 2 мај за време на разговорите на високо ниво, со кои беше започнат преговарачкиот процес.

Стано рече дека посредниците во дијалогот ќе ги поканат главните преговарачи да започнат преговори, а доколку има потреба, ќе биде поканет и Управувачкиот тим да учествува во процесот.

„ЕУ како посредник ќе ги покани главните преговарачи и нивните експерти во Брисел за да започнат преговори за повелбата. Очекуваме двете страни да се вклучат во процесот конструктивно и со добра волја и брзо да ги завршат преговорите. На 2 мај, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, им рече на двете страни дека Управувачкиот тим ќе биде поканет да учествува во процесот доколку е потребно, што ќе го утврди модераторот на ЕУ“,

рече Стано.

Претходно директорот на Канцеларијата за Косово, Петар Петковиќ, изјави дека „Косово со премиерот Албин Курти донесе еднострана и незаконска одлука за распуштање на Управувачкиот тим кој го подготви нацртот на Статутот на ЗСО и го претстави во вторник во Брисел, на што немаат право ниту Курти ниту неговиот министер за локална самоуправа“.

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти завчера во Брисел седнаа на заедничка маса. Средбата се одржа со посредство на Европската Унија. На неа, беше усвоена Декларацијата за исчезнатите лица. За ЗСО не беше постигнат договор. Имено, Курти оцени дека презентираниот нацрт статут на Заедницата на општините со српско мнозинство (ЗСО) на Косово ја претставува желбата на Србија да формира една Република Српска на Косово.

Вучиќ изјави дека имал тешки средби во Брисел и дека е многу загрижен бидејќи за клучното прашање за формирањето на ЗСО, Приштина не сака да ја исполни својата обврска од пред 10 години.

„Го знаев тоа, но денеска првпат удривме во ѕид и беше јасно од моментот кога беше воведен Нацртот и начинот на кој се обидоа да ги понижат двете жени кои го направија тоа, до нивната реакција потоа, дека тоа е неприфатливо од нив“,

изјави Вучиќ и додаде дека од Приштина велат дека тоа не е во согласност со косовскиот устав.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Украина: 21 лице загинаа во руските напади во Херсон

Следно

В недела во Ѓорче Петров ќе се вози велосипедска крос-кантри трка

Latest from Blog

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе

Клековски им порача на крушевчани дека со смената на локалната власт во градот ќе направат уште повеќе

Членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Клековски денеска во посета на крушевските села и на самото Крушево со ветување дека кога ќе ја преземат локалната власт, ќе направат уште повеќе за

ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата. Младиот германски

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди
Go toTop