Стано: Белград и Приштина да го спроведат Договорот за нормализација и сите обврски од дијалогот

April 22, 2024
1 min read

Портпаролот на Европската комисија, Петер Стано, денеска по повод измените на поглавјето 35 во преговорите со Србија изјави дека се очекува Белград и Приштина да го спроведат Договорот за нормализирање на односите и сите други обврски што преостануваат од дијалог бидејќи, како што нагласи, тоа е клучно за нивниот пат кон ЕУ.

„Двете страни прифатија дека нивните соодветни обврски кои произлегуваат од Договорот за патот кон нормализација ќе станат составен дел од нивните патишта кон европска интеграција. Анексот за имплементација склучен во март 2023 година во Охрид, исто така, ја одразува оваа заложба на страните“, пренесоа белградските медиуми изјава на Стано .

Тој ја поздрави одлуката на дипломатите на ЕУ да усвојат амандмани на поглавјето 35 во пристапните преговори со Србија, според кои Србија треба целосно да ги спроведе своите обврски што произлегуваат од Договорот за патот кон нормализација на односите, во согласност со анексот за спроведување, договорен за 18 март 2023 година. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Приватните специјализанти привремено го ставаат генералниот штрајк во мирување

Следно

Макрон во разговор со Нетанјаху: Неопходно е да се избегне ескалација на Блискиот Исток

Latest from Blog

Аргентина им ги отвори вратите на богатите- пасош се продава за 350.000 долари, со опција од 800.000

Јужноамериканската земја ја започнува првата програма за државјанство преку инвестиција во Јужна Америка, која ќе им овозможи на богатите странци да добијат аргентинско државјанство преку директен финансиски придонес во државата или купување

Казна со бодови не е доволна: Премиерлигашите бараат исфрлање на Манчестер сити?!

Ривалите на Манчестер Сити сметаат дека обично одземање бодови не би било доволна казна за прекршоците за кои клубот беше прогласен за виновен. Независна комисија го прогласи Сити за виновен за сериозни

Се урна воен авион со 32 патника во Нигерија- пронајдени се делови на тела (ВИДЕО)

Воен авион со 25 патници и седум членови на екипажот се урна во јужна Нигерија, што предизвика масовна операција за пребарување и спасување, соопштија властите, според Independent.co.uk. Министерот за воздухопловство на Нигерија,
Go toTop