Стабилно и многу студено, од петок пораст на температурите

January 13, 2026
1 min read

Утре во земјава ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од западен и северозападен правец. Утринските температури ќе бидат ниски, особено во западните и источните делови, каде ќе се спуштаат и до -10 степени, додека дневните ќе се искачуваат меѓу 3 и 10 степени.

Во Скопје се очекува сончево време со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до околу -6 степени, а максималната ќе достигне до 7 степени.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До петок ќе се задржи стабилно и суво време, со услови за појава на утринска магла по котлините.

Температурите ќе бидат во постепен благ пораст, со максимални вредности до 12 степени.

За време на викендот се најавува зголемена облачност, со услови за слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање, а ветерот ќе дува слаб до умерен од северен правец.

Facebook/UHMR

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Понуда од С. Арабија:“На Меси му понудив 1,4 милијарди евра, ме одби, сега му нудам бланко чек!“

Следно

Трамп: Ќе мора сами да откриете каква помош е на пат кон Иран

Latest from Blog

Мелони со осуда за Трамп: Неговите коментари за папата Лав XIV се неприфатливи

Мелони рече дека папата е поглавар на Римокатоличката црква и дека затоа е нормално тој да повикува на мир и да осудува секаков вид војна, објави Ројтерс. Агенцијата соопшти дека италијанската премиерка

За што разговараше Муцунски со Анита Орбан?

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска телефонски разговараше со Анита Орбан, главен советник за надворешна политика на новата владејачка партија на Унгарија – Tиса, информираа од МНР. Муцунски
Go toTop