Понуда од С. Арабија:“На Меси му понудив 1,4 милијарди евра, ме одби, сега му нудам бланко чек!“

January 13, 2026
1 min read
ФОТО: Inter Miami CF/FB

Иако тешко остварливо, ако се знае дека Лео Меси веќе го продолжи договорот со Интер Мајами, сепак првиот човек на Ал Итихад, Анмар Ал Хаили не се откажува и прави се што може да го донесе најдобриот фудбалер на сите времиња во својот клуб во Саудиска Арабија.

Ал Хаили наводно е спремен да му препушти на Меси сам да одлучи за финансиските услови и времетраењето на договорот.

„Доколку Меси сака да потпише за Ал-Итихад, ќе му дадам бланко чек со кој може да напише кој било износ што го сака, со договор за кој било период што ќе го избере, дури и ако е доживотен“, рече Хаили.

Тој додаде дека доаѓањето на Меси би имало огромно значење за клубот:

„Доколку Меси беше тука во Саудиска Арабија носејќи го дресот на Ал-Итихад, парите не би ми значеле ништо. Ќе ја прославевме лигата пред да започне бидејќи би го имал најдобриот играч во историјата на фудбалот.“

Претседателот на Ал-Итихад потврди дека веќе се обидел да го потпише Меси откако го напушти Париз:

„Да, го контактирав кога му истече договорот со Париз и му понудив договор од 1,4 милијарди евра, но тој одби без дури и да ја слушне понудата бидејќи неговото семејство претпочиташе да се пресели во САД. Го почитувам тоа и вратата на Ал-Итихад е секогаш отворена за него кога сака да дојде.“
Во врска со новиот обид за доведување, Ал Хаили рече:

„Нема повеќе да си нагаѓаме со сумите еден на друг, едноставно ќе му дадам на Меси бланко чек да напише што сака. Тоа е најдобро, а ќе видиме.“

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Ударите на Венко Филипче кон Велика Британија значат удар на темелите на Македонија

Следно

Стабилно и многу студено, од петок пораст на температурите

Latest from Blog

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи

Не дозволувајте да изгубите пари при откупот: СЕКЕ со важни совети за правилно пакување на тутунот

Со почетокот на сезоната за откуп на тутунот, компанијата СЕКЕ упати важни препораки до тутунопроизводителите за правилно пакување и чување на произведениот тутун, со цел да се зачува неговиот квалитет и да

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,
Go toTop