ССМ: На 20 декември ќе видиме дали цените на основните прехранбени производи навистина се намалени

December 6, 2024
1 min read

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави дека ќе го надгледува спроведувањето на новогодишната кошничка, која од 15 декември до 15 јануари ќе овозможи намалување на цените на над 600 производи.

ССМ посочува дека синдикалната минимална кошничка ќе биде клучен показател за ефектот од мерката.

„Новата синдикална минимална кошничка ќе биде пресметана на 20 декември, што ќе покаже дали цените на основните прехранбени производи навистина се намалени. Дополнително, на 20 јануари ќе утврдиме дали по завршувањето на акцијата, трговците ги зголемиле цените, со што би се изгубил ефектот од мерката,“ велат од ССМ.

Тие предупредуваат дека претходно, за време на слични мерки, некои трговци ги намалиле платите на своите вработени и ја зголемиле цената на производите, што го нарушило ефектот од акциите.

ССМ апелира до стопанствениците да покажат општествена одговорност. Во спротивно, тие бараат воведување строги казни за оние што ќе се обидат да го изиграат системот.

„Мерките кои се носат во интерес на работниците и граѓаните, особено на оние со најниски примања, ги поздравуваме,“ се наведува во соопштението.

Граѓаните ќе можат да се информираат за производите вклучени во акцијата преку веб-страницата „mojakosnica.mk“. На листата се наоѓаат над 675 производи од 60 компании и дистрибутери.

Новогодишната кошничка, со која се очекува намалување на цените за најмалку 10%, ќе трае еден месец. ССМ изразува надеж дека оваа акција ќе придонесе за финансиско олеснување на граѓаните во текот на празниците.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Кампања на МВР: Пиротехника не, безбедност пред сè – следуваат казни

Следно

БИНОШ, ФАЈНС, БАКАЛОВА МЕЃУ ПРЕЗЕНТЕРИТЕ НА ГАЛА ДОДЕЛУВАЊЕТО НА ЕВРОПСКИТЕ ФИЛМСКИ НАГРАДИ ВО ЛУЦЕРН

Latest from Blog

Илјадници луѓе протестираат пред Палатата на правдата во Белград

Протест се одржува доцна попладнево во Белград пред Високото јавно обвинителство (ВЈТ) поради апсење студенти. Сообраќајот е блокиран и во близина на Автокоманда, и населбите Земун и Вождовац и попречено е одвивањето

Гитенс ќе се приклучи на Челси откако е постигнат принципиелен договор со Борусија Дортмунд

Крилниот напаѓач Џејми Бејну-Гитенс ќе се приклучи на Челси откако е постигнат принципиелен договор со сегашниот клуб Борусија Дортмунд. Бундеслигашот ја потврди веста од нивниот камп во Флорида. Тој ќе им се

Тешка сообраќајна несреќа во Грција: Загинаа татко и син во судир со камион управуван од Македонец

Во сообраќајка во која учествувале камион управуван од Македонец и автомобил со четиричлено семејство од Грција, возачот на автомобилот починал на самото место, а неговиот син подоцна им подлегнал на повредите. Мајката

Град Скопје: Обвинителството ја почна постапката по првата пријава за Општина Чаир

Градот Скопје денеска соопшти дека Обвинителството ја започнало постапката по првата пријава за градби во Општина Чаир. – Основното јавно обвинителство ја започна постапката по првата пријава со фалсификатите. Таму веќе се
Go toTop