Илјадници луѓе протестираат пред Палатата на правдата во Белград

June 29, 2025
1 min read

Протест се одржува доцна попладнево во Белград пред Високото јавно обвинителство (ВЈТ) поради апсење студенти. Сообраќајот е блокиран и во близина на Автокоманда, и населбите Земун и Вождовац и попречено е одвивањето сообраќај на панчевачки мост.
Во текот на денот, студентите во блокада повикаа за вечерва на протест пред ВЈТ, а причината за апсењата беше учество во немирите на вчерашниот протест за Видовден.
Полицијата е распоредена пред палатата на правдата со опрема за разбувцање демонстрации.

Според белградски медиуми, уапсени се и граѓани и студенти од универзитети во Србија кои беа на состанокот за организирање на протестот за Видовден.

Во Ниш во Нови Сад исто та се одржуваат протести.
Според студентите, сите приведени се осомничени за тероризам.

На протест вечерва повикаа и студентите на Филозофскиот факултет во Белград. Белградски медиуми јавиуваат за најмалку 10.000 луѓе кои излегле на протести доцна попладнево низ населби низ Белград.

Министерството за правда соопшти дека изјавите на учесници во студентската блокада дека нивните колеги наводно биле „однесени од парадржавни структури“ се невистинити и злонамерни.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гитенс ќе се приклучи на Челси откако е постигнат принципиелен договор со Борусија Дортмунд

Следно

ЦУК: Пожарот во Визбегово повторно се активира, се чека механизација за гаснење

Latest from Blog

Кубанците го откажаа годишниот фестивал на пури

Организацискиот комитет на Фестивалот дел Хабано објави дека овогодинешното издание, кое требаше да се одржи кон крајот на февруари, е откажано. Одлуката е донесена поради „сложената економска ситуација“ со која се соочува

Какво ќе биде времето утре и во следните денови?

Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен и североисточен правец. Утринските температури ќе се движат од -1
Go toTop