Српското МВР ја запре потрагата по исчезнатата данка на подрачјето на Бањско Поле и Брестовачка Бања

1 min read

По 27 часа интензивно пребарување на теренот, Министерството за внатрешни работи на Србија ја запре натамошната потрага по двегодишната Данка Илиќ во приградската населба Бањско Поле и во Брестовачка Бања. 

Според српското МВР, сите досегашни информации укажуваат дека исчезнатото девојче не е во тоа подрачје од околу 10 квадратни километри.

Полицијата продолжува со оперативни активности за утврдување на сите факти и околности во врска со исчезнувањето на двегодишната Данка.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Жителите на Грушино десет дена се без вода

Следно

Кулеба: Северна Македонија е добар пријател на Украина, направи многу да ни помогне

Latest from Blog