Српската влада утре на седница за Косово, ќе присуствува и Вучиќ

January 22, 2023
1 min read

Српскиот претседател ќе се обрати и на нацијата, а на седницата се очекува да ја извести Владата за состанокот со западните делегации во петокот, ден што тој го опиша како еден од најтешките за Србија

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Владата на Србија утре во 11 часот ќе одржи седница на која се очекува да се разговара за прашањето за Косово.

На покана на премиерката Ана Брнабиќ, на седницата ќе присуствува и српскиот претседател Александар Вучиќ и се очекува дека тој ќе ја извести владата за преговорите со високата западна делегација.

„Западната петорка“ по состанокот со Вучиќ / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Состанокот со „западната петорка“ (ЕК, САД, Франција, Германија и Италија) Вучиќ го одржа во петокот на кој, како што претходно јавија српските медиуми, се разговарало за таканаречениот француско-германски план за затворање на отворените прашања со Косово.

Овој состанок, Вучиќ го опиша како еден од најтешките денови за Србија, најави консултации и побара единство.

„Вчера беше еден од најтешките денови за Србија и никогаш не сум скрил од луѓето кога се случуваат вакви работи. Ќе има многу тешкотии и проблеми со кои ќе се соочиме во иднина и затоа ни е потребно единство“,

рече Вучиќ.

По седницата на Владата, според најавите, тој ќе има обраќање и до нацијата.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Шпански и италијански клубови заинтересирани за Барди

Следно

Стотици граѓани во одбрана на МКЦ од лошиот вкус

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и

Макрон повика на контрамерки поради царините на САД доколку не се постигне договор

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 30 отсто на увозот од ЕУ и ја повика Европската комисија да подготви соодветни контрамерки
Go toTop