Средба на вицепремиерот и министер Стоилковиќ со германската амбасадорка Дреклсер

January 13, 2025
1 min read

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ денеска оствари работна средба со делегација од Амбасадата на Сојузна Република Германија во Македонија, предводена од Н.Е. амбасадорката Петра Дрекслер.

На средбата беше констатирано дека билатералните односи меѓу двете земји се базирани на пријателство и соработка во повеќе сфери од заемен интерес, а соговорниците изразија подготвеност за нејзино понатамошно продлабочување.
Вицепремиерот и министер Стоилковиќ меѓу другото ја запозна амбасадорката Дрекслер со функционирањето на Министерството за односи меѓу заедниците, плановите за оваа календарска година и нагласи дека интензивно се работи на промена на односот кон помалите етнички заедници, но и фактот дека МОЗ треба да прерасне во институција која ќе работи во корист на сите етнички заедници во земјава.

На крајот од средбата двајцата соговорници се согласија дека соработката меѓу двете земји, пред сѐ, базирана на долгогодишно пријателство е клучна, и дека истата дополнително треба и може да се продлабочи.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бебешки еднократни пелени – Невладини: Државата да ги рефундира кај сиромашните семејства

Следно

Израелскиот министер Смотрич против договорот за размена со Хамас, повикa на отворање на „портите на пеколот“ за Газа

Latest from Blog

Стуб до Трамп: Се формира „поевропско НАТО“ во кое Европа презема одговорност

Разговорот се одржал истиот ден кога Трамп за Ројтерс изјави дека размислува за повлекување на САД од НАТО. Стуб, на социјалните мрежи, го опиша разговорот како конструктивен. – Конструктивна дискусија и размена

Следува промена на времето со врнежи од дожд и снег

Промена на времето со врнежи од дожд и снег на повисоките места најавуваат метеоролозите поради засилена циклонска активност. Според прогнозата на Управа за хидрометеоролошки работи, врнежите локално ќе бидат пообилни и на места

Филипче со писма до ЕУ за политиките на Мицкоски

Се продлабочува судирот меѓу власта и опозицијата околу евроинтеграцијата на Македонија, во услови на повеќемесечен застој на процесот за приближување кон Европската Унија. Власта и опозицијата меѓусебно се обвинуваат за предавство на
Go toTop