Израелскиот министер Смотрич против договорот за размена со Хамас, повикa на отворање на „портите на пеколот“ за Газа

January 13, 2025
1 min read

КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) – Екстремно десничарскиот израелски министер за финансии, Безалел Смотрич, денес објави дека се противи на потенцијалниот договор за размена на затвореници со палестинската група Хамас, повикувајќи на отворање на „портите на пеколот“ за Појасот Газа, јавува Анадолу.

Според Смотрич, кој е лидер на партијата Религиозен ционизам, предложениот договор е „катастрофа за националната безбедност на Израел“, напиша тој на својот профил на социјалната мрежа X.

Сепак, министерот не се закани дека ќе ја напушти Владата доколку договорот биде одобрен.

„Ова е време да продолжиме со целата наша сила, да го окупираме и исчистиме целиот Појас Газа, конечно да преземеме контрола од Хамас врз хуманитарната помош и да ги отвориме портите на пеколот за Газа додека Хамас не се предаде целосно и сите заложници не бидат ослободени“, изјави тој.

Вчера премиерот Бенјамин Нетанјаху се сретнал со Смотрич во обид да го убеди да го поддржи договорот, објави израелскиот јавен радиодифузер КАН.

Смотрич и претходно изразуваше противење на каков било договор со Палестинците, а во минатото се закануваше дека ќе се повлече од Владата доколку биде постигнат договор.

Израелските медиуми во петокот објавија дека Катар пратил „позитивна порака“ до Израел за подготвеноста на Хамас да продолжи со преговорите за договор за заложниците.

Весникот „Једиот Ахронот“ во саботата, повикувајќи се на анонимни извори, објави дека „90 отсто од деталите на потенцијалниот договор за размена на затвореници се договорени“.

Преговорите за размена на затвореници и прекин на огнот, посредувани од Катар, Египет и САД, повеќепати беа прекинати поради новите услови поставени од Нетанјаху.

Израелската опозиција и семејствата на заложниците го обвинуваат Нетанјаху за попречување на напорите за постигнување договор за прекин на огнот и размена на заробеници со Хамас.

Израелската армија продолжува со геноцидната војна во Газа, во која од 7 октомври 2023 година досега убиени се 46.600 Палестинци, од кои најголем број жени и деца, и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за итен прекин на огнот.

Меѓународниот кривичен суд во ноември минатата година издаде налози за апсење на Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со тужба за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за своите постапки во Појасот Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Средба на вицепремиерот и министер Стоилковиќ со германската амбасадорка Дреклсер

Следно

Вокер ги соопшти условите за трансфер во Милан

Latest from Blog

Коњановски пред студентите во Битола: Вратите на Општината се отворени за младите

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска се обрати пред студентите од Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, на форум посветен на функционирањето на локалната самоуправа, предизвиците во работењето

Проданоски: Прилепските пожарникари се херои кои секогаш се на првата линија

По повод 20 Мај – Денот на пожарникарството, во Прилеп беше одбележан празникот со пригоден настан, презентација на опрема и показна вежба на Територијалната противпожарна единица. На настанот присуствуваше и градоначалникот на

Одбраната во случајот „Пулс“ бара целосен увид во доказите презентирани на судењето

Во судскиот процес „ПУЛС“, одбраната упати серија приговори на начинот на кој се изведуваат доказите, откако беше потврдено дека тие не се физички присутни во судницата за време на главната расправа. Судијата

Од нуклеарна енергија до кинематографија: ПУТИН И СИ ГИ ПРОДЛАБОЧУВААТ БИЛАТЕРАЛНИТЕ ОДНОСИ

Двете страни усвоија 20 документи, од кои некои беа потпишани од лидерите на двете земји, пренесува агенцијата РИА Новости и додава дека, конкретно, Путин и Си објавиле заедничка изјава за понатамошно зајакнување
Go toTop