Важно известување за корисниците на Бајненс платформата во Македонија: Наводната група на Вајбер не е официјален канал на Бајненс

April 2, 2026
1 min read

Вајбер групата именувана како „111 Заедница za kriptovaluti“, како и пораките и комуникацијата што се споделуваат во неа, не се официјално поврзани со Binance и не се водени, одобрени или поддржани од Binance на кој било начин.

Оваа група лажно се претставува како официјална или поврзана со Binance и Trust Wallet, користејќи пораки што можат да ги доведат корисниците во заблуда. Во пораките се тврди дека станува збор за „група за учење“, „координација“, „одбележување годишнина“ и дека учесниците можат да добијат награди, криптовалути и други поволности. 

Ги повикуваме сите корисници да бидат крајно внимателни и да ги следат овие безбедносни препораки:

Не споделувајте лични информации со непознати лица или неофицијални групи, вклучително и име и презиме, телефонски број, адреса, е-пошта, лични документи или банкарски податоци.

Никогаш не споделувајте лозинки, seed phrase / recovery phrase, private key, OTP-кодови или податоци за пристап до вашиот профил или паричник.

Не испраќајте средства и не поврзувајте wallet/акаунт преку линкови што ви се доставени во вакви групи или приватни пораки.

Проверувајте ги информациите исклучиво преку официјалните канали на Binance.

Доколку сте биле додадени во ваква група, напуштете ја групата, блокирајте ги профилите што комуницираат со вас и пријавете ја содржината на платформата.

За ваша безбедност, секоја комуникација што тврди дека е „официјална“, а не доаѓа преку проверени канали, треба да се смета за сомнителна.

За проверка на информации и за контакт со Binance, ве молиме користете ги исклучиво нашите официјални канали за поддршка и комуникација, објавени на официјалната веб-страница и официјалните верификувани профили на Binance, на Телеграм, Инстаграм и ТикТок. Доколку некој корисник веќе споделил податоци или стапил во интеракција со оваа група, препорачуваме веднаш да ги промени лозинките, да ги обезбеди профилите со двофакторска автентикација и да контактира со официјалната поддршка на Binance.

Binance, the world’s leading cryptocurrency exchange by trading volume and users, останува посветен на заштитата на својата заедница и апелира до сите корисници да бидат внимателни кон измамнички групи, неовластени канали и лажни претставувања.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Британската министерка за надворешни работи ќе биде домаќин на разговори за повторно отворање на Ормуската Теснина

Следно

1,45 милиони денари за културно-уметничките друштва: Нов јавен повик од Општина Битола

Latest from Blog

МАКРОН СО ЖЕСТОКИ ОБВИНУВАЊА ПО ХАОСОТ ВО ФРАНЦИЈА: Крајната левица сака да ја урне републиката

Францускиот претседател Емануел Макрон ги осуди „бунтовничките активности“ на крајнолевичарските групи, обвинувајќи ги дека се исклучително опасни и дека сакаат „да ја урнат републиката“, по немирите и грабежите што избувнаа минатата сабота

12,7 милиони денари промет на Македонската берза, Комерцијална банка најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 22.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.836,60 поени. Во однос

Алфа го засилува тимот: Пристигнува Стојановска, Илковски се приклучува на „Колегиум“

Татјана Стојановска по 15 години во Канал 5 ја продолжува телевизиската кариера во ТВ Алфа. Речиси истовремено, нов ангажман во телевизијата објави и Јанко Илковски. Стојановска го потврди преминувањето за „Женски магазин“,

НОВИОТ НАЈОПАСЕН ЧОВЕК ВО ЕВРОПСКАТА ПОЛИТИКА? Најупатените тврдат: „Вакво нешто не е видено уште од Берлускони“

Поранешниот генерал на падобранците Роберто Ваначи се прикажува на социјалните мрежи како римски легионер и возач на кочија. Тој изјави дека претпочита жени „без здолништа“, а објави и фотографија од државна секретарка

Николоски: Коридорите 8 и 10 се клучни за економскиот напредок и политичката стабилност

Двата паневропски коридори 8 и 10 мора да ги развиваме за да обезбедиме економски напредок на Македонија, но исто така да обезбедиме и политичка стабилност за државата во овие времиња на комплицирани
Go toTop