Средба на Бајден и Трамп во Белата куќа, најавија мирна транзиција на власта

November 13, 2024
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Џо Бајден и новоизбраниот претседател Доналд Трамп се сретнаа денес во Белата куќа на разговори за транзицијата на власта, јавува Анадолу.

„Честитки и со нетрпение очекувам да имаме непречена транзиција“, му рече Бајден на Трамп, кој минатата недела освои втор мандат во Белата куќа.

Трамп му се заблагодари на Бајден и рече дека политиката е „тешка“.

„И во многу случаи не е многу убав свет, но денес е убав свет и јас го ценам многу. Транзиција која е многу, многу глатка, и јас тоа го ценам многу“, рече тој.

Републиканската партија го освои мнозинството на изборите, преземајќи ја контролата врз Претставничкиот дом, Сенатот и Белата куќа.

Трамп победи на изборите со 312 електорски гласови, надминувајќи го прагот од 270 против неговата ривалка од Демократската партија, актуелната потпретседателка Камала Харис.

Пред средбата со Бајден, Трамп се состана со републиканците на Капитол Хил.

„Зарем не е убаво да се победи? Убаво е да се победи. Секогаш е убаво да се победи“, им рече Трамп на републиканците.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Ѓорѓиевски: Создадовме 80.000 квадрати паркови, Мицкоски има реална заложба и конкретен план за намалување на загадувањето

Следно

Магла на патниот правец Градско – Плетвар

Latest from Blog

Собослаи ќе добие нов договор во Ливерпул и ќе биде нов капитен

фото: LFC (X) Доминик Собослај е еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул од почетокот на сеозната, па клупското раководство веќе размислува да му понуди нов договор. Капитенот на унгарската репрезентација наскоро ќе

Ѓорѓиевски: За 72 часа ќе видиме резултати од големата акција во Скопје

Започна големата акција за чистење на главниот град, со која во следните 72 часа се очекува Скопје да добие нов, почист и поуреден изглед. Ангажирани се екипи од јавните претпријатија, механизација, камиони

САКАЛ ДА СЕ БАЊА ВО БАЗЕН, ПА СЕГА ПЛИВА ВО ЗЛАТО Французин во својот двор открил златни прачки и монети

Французин открил богатство вредно речиси 700.000 евра додека копал базен во својата градина, а властите му дозволиле да остена кај него бидејќи оцениле дека е легално стекнато. Тој пронашол „5 златни прачки

Почина „Живата Барбика“ – поминала низ 27 операции за да личи на славната кукла (ФОТО)

Веста за нејзината смрт ги шокира милионите луѓе низ целиот свет, особено нејзините следбеници кои со години ја следеа нејзината трансформација и јавниот живот. Според странските медиуми, полицијата започнала истрага за околностите
Go toTop