Средба Гаши – Курти: Двете држави споделуваат заедничка визија за стабилен Западен Балкан

November 25, 2024
1 min read

Собраниската делегација предводена од претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, која престојува во официјална посета на Република Косово оствари средба со претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти.

На средбата претседателот Гаши го потврди ставот дека Република Северна Македонија во континуитет има афирмативен став за пристапување на Република Косово кон сите мултилатерални и регионални организации и иницијативи и во иднина ќе продолжи со поддршката на овој план. Искажа и подготвеност Собранието да ги сподели искуствата во процесот на усвојување закони и надзор врз извршната власт во контекст на реформските процеси, како на патот кон Европската Унија, така и во однос на членството во НАТО. Како земја членка на НАТО, Република Северна Македонија останува посветена на континуираниот ангажман на НАТО во Косово и на придонесот во КФОР. Гаши нагласи дека иднината на Западен Балкан е во Европската Унија и НАТО, а преку заеднички напори државите може да ги надминат предизвиците и да обезбедат просперитет и стабилност за своите граѓани.

Претседателот на Владата, Курти, истакна дека денешната средба која следи непосредно по Втората меѓувладина конференција е индикатор дека односите меѓу Република Северна Македонија и Република Косово добиваат на динамика. Курти нагласи дека економскиот напредок, соработката на бизнис заедниците и доближувањето на европските стандарди се темелот на соработката меѓу двете држави. Република Косово гледа сојузник, пријател и гласноговорник во Република Северна Македонија, и затоа како премиер постојано поддржува комуникација и продлабочување на соработка и на парламентарно ниво во сите сфери од интерес на Регионот.

Соговорниците се согласија дека одржувањето на Втората заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово, во рамки на одбележувањето на 15-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји, несомнено ќе преставува позитивен импулс за натамошно интензивирање на  билатералните односи, поттикнување на позитивниот политички дијалог и надградување на заедничките интереси за поинтензивна соработка. Го подвлекоа и значењето на потпишаниот Протокол меѓу двете држави кој директно ги засега граѓаните бидејќи го скратува времето на чекање на граничните премини. Заклучија дека меѓусебната соработка во различни сегменти е во корист на нашите граѓани и треба да продолжи со уште поголем интензитет во наредниот период.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Бугарите од Македонија: Нашето вклучување во Уставот на РСМ не може да се опише како „уцена“, „диктат“ или „пречка“ за европската иднина на земјата

Следно

На Клиниката за трауматологија изведени четири операции на р’бетен столб кај деца што биле на листа за упатување во странство

Latest from Blog

Лефков: Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата презентира нов концепт на водење на економијата кој значи модернизација и зголемена конкурентност

Во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа, вечерва гостуваше Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ кој зборуваше за економската ренесанса која е во тек и се случува на

СДСМ: Мицкоски прави де фокус од проблемите во ВМРО-ДПМНЕ, не може тој да зборува за „квалитет на кадри“

Христијан Мицкоски е последниот кој може да зборува за „квалитет на кадри“. Во неговите редови има луѓе осудени за криминал, лица кои се под истраги од институциите и личности чиј углед е

Лефков: Владата на ВМРО-ДПМНЕ има направено уредување што претходно никогаш не било направено, граѓаните од Кочани имаат само една цел – реалокација односно затворање на депонијата

„Колега Крмов, благодарам најпрво за грижата меѓутоа очигледно е дека позади оваа грижа стои интерес како да се освојат ситни политички поени на еден проблем кој што е навистина горлив и на

Петкоска: Ќе се формира претпријатие за регионална депонија во Новаци, што ќе донесе решение и за Буково

Ве информирам дека задутре во советот на Општина Новаци е закажана седница на која ќе се формира Претпријатие за регионална депонија и врз основа на таа одлука сите општини ќе може да
Go toTop