Србија: Сопственик на компанија и возач на цистерна уапсени поради истекување на амонијак во Панчево

January 13, 2023
1 min read

Основното јавно обвинителство Панчево во соработка со ПУ Панчево ги лиши од слобода С.К. (33) и Н.Б. (36), двајцата од Панчево, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела предизвикување општа опасност и оштетување на животната средина

Поради несреќата во Панчево, Србија, уапсен е сопственикот на компанијата „Сага“, како и возачот на цистерната од која синоќа истече амонијак во панчевската населба Топола, пренесе Нова.рс.

Основното јавно обвинителство Панчево во соработка со ПУ Панчево го лиши од слобода С.К. (33) и Н.Б.(36) двајцата од Панчево поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела предизвикување општа опасност и оштетување на животната средина, бидејќи С.К. како сопственик и одговорно лице на фирмата „Сага“ и Н.Б. како возач на цистерна на која истекувал амонијак предизвикал опасност по животот на луѓето поради одвртување на вентилот на резервоарот, при што 15 лица се хоспитализирани во ОБ Панчево.

По извршениот увид, на кој присуствуваа Покраинскиот и републичкиот инспектор за заштита на животната средина, републичкиот инспектор за транспорт на опасни материи, инспекторот за заштита при работа, Полициската управа во Панчево и дежурниот заменик од Панчево, и утврдувањето на сите релевантни факти поврзани со критичниот настан одредиле мерка притвор за С.К. и Н.Б. во траење од 48 часа.

Во населбата Топола кај јужната индустриска зона во Панчево, Србија, синоќа околу 23 часот дошло до протекување на амонијак од цистерна, а 10 лица со полесни повреди се пренесени во Општата болница во Панчево. Од нив, двајца се на кислородна поддршка, пренесуваат српските медиуми.

Останатите имале полесни проблеми со горните дишни патишта.

Веднаш по инцидентот, полицијата и пожарникарите ги евакуирале сите граѓани кои живеат во близина и го обезбедиле местото.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Трагедија во Скопје: Паднал по скали и починал на лице место

Следно

Украина ќе продолжи да работи на усвојување на резолуцијата во Генералното собрание на ОН

Latest from Blog

Серхио Љуљ пред нов потпис

Легендарниот шпански кошаркар, Серхио Љуљ (37), засега не планира да се пензионира, бидејќи ќе продолжи да игра за Реал Мадрид и следната сезона. Се очекуваше да ѝ стави крај на кариерата по

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се
Go toTop