Србија прогласи елементарна непогода во пет градови и 11 општини поради пожари

July 10, 2025
1 min read

Владата на Србија донесе одлука за прогласување состојба на елементарна непогода во пет градови и 11 општини поради продолжена суша и недостаток на врнежи, екстремно високи температури и ветрови со сила на ураган. Дел од Србија беше зафатен од големи пожари кои предизвикаа огромни штети во јули.

„Пожари зафатија дел од територијата на Република Србија во јуни и јули 2025 година, и за следните единици на локална самоуправа: градовите Прокупље, Крушевац, Чачак, Крагуевац и Бор и општините: Бојник, Лебане, Ивањица, Алексинац, Рача, Книќ, Житораѓе, Блаце, Куршумлија, Голубац и Мионица, е прогласена состојба на елементарна непогода“, се наведува во одлуката на Владата на Србија.

Во претходните денови, Србија беше зафатена од пожари, а најкритичнио е на југ во државата – Топличкиот и Јабланичкиот округ. Во некои градови и општини е прогласена вонредна состојба.

Сопствениците на околу 170 куќи што беа оштетени и изгорени во пожарот во изминатите неколку дена треба да добијат неповратна финансиска помош од државата – од 200.000 до 800.000 динари, додека оние чии куќи беа целосно изгорени ќе добијат од три до четири милиони динари, според новиот правилник што денеска го усвои Владата на Србија. Кога ќе им биде исплатена помошта – не е прецизирано.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот претседател разговараше за регионални и глобални прашања со австрискиот канцелар Штокер

Следно

Филипче: СДСМ нуди конкретен план за подобрување на системот за справување со пожари

Latest from Blog

Јувентус има нов голман, полски репрезентативец

Голманот на Волфсбург, Камил Грабара, ја продолжи кариерата во Јувентус. Според најновите информации, двете страни ја потврдиле соработката. 27-годишниот полски репрезентативен голман заминува во Торино со опција за откуп за 12 милиони

Трамп нареди да се спуштат знамињата низ САД во чест на починатата Доли Партон

Легендарната американска кантри пејачка, актерка и хуманитарка Доли Партон почина денеска на 80-годишна возраст, потврди нејзината придружба. За време на кариерата што траеше речиси шест децении, Партон стана една од најпрепознатливите личности

Проданоски: Земјоделците од Мажучиште и Коњари нема да бидат оставени сами

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска беше на терен во населеното место Големо Коњари, каде се увери во последиците од вчерашното силно невреме проследено со дожд и град. Невремето предизвика сериозни
Go toTop