Каталонците имаат густ распоред, бидејќи по дуелот со Бетис ги очекува натпревар против ПСЖ во Лигата на шампионите, а потоа и првото сезонско Ел Класико со Реал Мадрид.
„Рафиња смета дека е подготвен, но сакаме да одиме постепено. Истото важи и за Де Јонг. Тој е врвен фудбалер и драго ми е што повторно е во составот. Можно е да добие неколку минути“, изјави Флик.
Германскиот стратег зборуваше и за Ламин Јамал, нагласувајќи дека најважно е младиот фудбалер да ужива во играта. Се осврна и на ситуацијата со Алехандро Балде, кој има мала минутажа поради одличните настапи на конкуренцијата, Жоао Кансело и Чави Еспарт.
„Бетис ги има сите победи на домашен терен. Тоа е одличен тим, особено опасен во нападот. Мораме да бидеме на висина на задачата во одбраната“, предупреди Флик.
Тој нагласи дека Барселона размислува само за следниот противник, а не за претстојните дуели со ПСЖ и Реал Мадрид.
Извор: sportmanija.mk

