Филипче: СДСМ нуди конкретен план за подобрување на системот за справување со пожари

July 10, 2025
1 min read

Филипче посочи дека институциите ниту превентивно дејствуваат, ниту соодветно реагираат.

„Мислам дека не се справуваат никако. Еве, навлегуваат во некои тези дека станува збор за смислена акција за подметнување на пожари, што укажува на тоа дека двојно не се спремни, ниту во системот на откривање на намерни подметнувања на пожарите, ниту пак во справувањето со пожарите,“ истакна Филипче.

Тој потсети на серијата пожари кои избувнаа во различни делови од државата како во Дојран, Крива Паланка, Чучер Сандево и на неуспехот на Владата да ја контролира ситуацијата на терен.

„Видовме промоција на возила за борба со пожарите, но не гледаме дека се во функција. Сето тоа укажува дека Владата има за цел да ги прикаже работите многу подобри од тоа што вистински се како и нивните капацитети и желбата да се справат со проблемите“, рече тој.

Филипче ја отфрли тезата на ВМРО-ДПМНЕ дека СДСМ кризата ја користи за политички поени и нагласи дека како опозиција партијата секогаш дава конструктивна критика, но нуди и конкретни решенија за надминување на ситуацијата.

„Ниту еден поединец од СДСМ, градоначалник или поединец, нема намера да се сити со некаква криза. Да потсетам на нивните прес-конференции за пожарите додека бевме ние на власт. Ние тогаш бевме на терен и со луѓето помагавме. Лани за време на нивното владеење изгоре поголема површина од државата отколку за 10 години. Ова е доказ е дека не се справуваат добро“, потсети Филипче.

Претседателот на СДСМ најави дека пратеничката група во Собранието ќе ги повлече сите амандмани на ребалансот на Буџетот, со цел средствата да бидат пренаменети за поддршка на системот за справување со пожари.

„Ги повлекуваме сите амандмани денеска за сите средства да бидат насочени кон надградба на овие системи – за ЦУК, за ДЗС, сè што треба да се направи за да се помогне на тие институции, за да не доаѓаме понатаму во ситуации кога немаме капацитети и не сме спремни“, посочи Филипче.

Тој нагласи дека ова е моментот кога и другите партии, особено ВМРО-ДПМНЕ, треба да покажат зрелост и да се вклучат конструктивно во надградбата на системот за заштита и спасување.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Србија прогласи елементарна непогода во пет градови и 11 општини поради пожари

Следно

ЦУК: До девет часот има седум активни пожари, четири под контрола

Latest from Blog

Младоженец е убиен додека одел на сопствената свадба, причината е морничава

Невидениот злостор се случил во областа на полициската станица Кета Сараи, соопштија официјални лица. Според началникот на полицијата во Кунвар, Анупам Сингх, обвинетиот, идентификуван како Прадип Бинд, заедно со соучесник, отворил оган

Хоџа: Потребни се заеднички решенија за климатските предизвици

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, учествуваше на министерската тркалезна маса на 5-тиот Меѓународен форум за води што се одржува во Истанбул, Република Турција. Во своето обраќање, тој ја

ЛШ: Арсенал по 20 години повторно ќе игра финале, Сака е херојот на Лондон (ВИДЕО)

По дводецениско чекање, навивачите на Арсенал ќе имаат можност да гледаат уште едно големо финале во Лигата на шампионите на УЕФА во кое ќе настапи нивниот омилен тим. „Топчиите“ минимално со 1:0
Go toTop