Србија: Пратеничката Јасмина Обрадовиќ се’ уште е во тешка состојба

March 5, 2025
1 min read

Претседателката на Народното собрание Ана Брнабиќ ги коментираше вчерашните настани во зградата на Народното собрание и ја откри состојбата на пратениците кои вчера беа повредени при инцидентите на седницата. Пратеничката Јасмина Обрадовиќ се уште е во тешка состојба.

-Сè уште е тешко. Претседателот Вучиќ повторно ја посети синоќа после 23 часот и лекарите рекоа дека може повторно да дадат прогноза кога ќе заврши ноќта, што секако е секогаш ризично. Ќе знаеме повеќе за околу час или два, но таа се уште е во тешка состојба“, изјави Брнабиќ за РТС.

За пратеничката Соња Илиќ која е во 8-ми месец од бременоста, Брнабиќ рече дека Соња е стабилна и бебето е добро.„Малиот Гаврило е добро и ќе остане симбол на победата над обидите за обоена револуција. Јасмина Каранац е добро, тие се однесуваа добро и херојски“, рече Брнабиќ.

Таа им се заблагодари на пратениците кои и пријдоа на помош.

„Да не беше Марија Здравковиќ, пратеничката на Бачевац, кои се доктори, не знам како ќе завршеше. Тие укажаа прва помош и препознаа дека Обрадовиќ има мозочен удар. Брзо реагираа и брзата помош дојде брзо и им благодарам за тоа“, рече Брнабиќ.

 

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кремљ го оцени писмото на Зеленски до Трамп како „позитивен чекор“

Следно

Клековски: До петок ќе биде објавена годишната набавка на лекови од биолошката терапија, ќе има стабилно снабдување оваа и почетокот на следната година

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop