Кремљ го оцени писмото на Зеленски до Трамп како „позитивен чекор“

March 5, 2025
1 min read

 Русија позитивно го оценува изразеното расположение на украинскиот претседател Володимир Зеленски за преговори околу војната, но сè уште не е јасно со кого Русија би можела да разговара, соопшти Кремљ.

Зеленски го изрази својот став во писмо, кое вчера јавно го обелодени претседателот на САД, Доналд Трамп.

„Украина е подготвена да седне на преговарачка маса што е можно поскоро, со цел постигнување траен мир. Никој не го посакува тоа повеќе од Украинците“, изјави Трамп, цитирајќи го писмото на Зеленски за време на обраќањето во Конгресот на САД.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека оваа најава е „позитивен сигнал“, но нагласи дека сè уште има правни и политички пречки.

– Прашањето е со кого би седнале на преговарачка маса. Според украинскиот закон, претседателот Зеленски сè уште нема овластување за директни разговори со Русија, додаде Песков, алудирајќи на декретот од 2022 година со кој Киев забрани можност за преговори со рускиот претседател Владимир Путин.

Песков, исто така, изјави дека идните разговори меѓу Москва и Вашингтон ќе вклучуваат и дискусии за иранската нуклеарна програма.

– Оваа тема беше спомената за време на минатомесечните контакти со САД, изјави портпаролот на Кремљ.

„Блумберг“ вчера објави дека Русија се согласила да посредува во комуникацијата меѓу администрацијата на Трамп и Иран, особено во однос на нуклеарната програма на Техеран и неговата поддршка за антирежимски групи во регионот.

Кремљ не ја потврди оваа информација, но укажа дека Иран е важна тема во руско-американските односи.

Нашиот став е дека иранското нуклеарно прашање мора да се реши исклучиво со мирни, дипломатски средства. Иран е наш партнер и сојузник, и Русија е подготвена да даде свој придонес за решение на ова прашање, изјави Песков.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски за интерпелациите на членови на Судскиот совет: Тие тотално го изгубија кредибилитетот пред граѓаните

Следно

Србија: Пратеничката Јасмина Обрадовиќ се’ уште е во тешка состојба

Latest from Blog

Министерство за финансии: 41 проект ќе биде основа за капиталните инвестиции во 2027 година

10 август 2026, Скопје – Четириесет и еден предлог проект содржи Првата конечна приоритетна листа на предлог проекти за јавни инвестиции, што на предлог на Министерството за финансии и Комитетот за јавни инвестиции

Бошко Ѓуровски повикува на полн стадион на дуелот Црвена Звезда – Хапоел

Некогашниот македонски селектор, и неспомнено наша фудбалска легенда, Бошко Ѓуровски денеска излезе со изјава во медиумите во Србија со која повикува на масовна посетеност на дуелот од третото квалификациско коло од Лигата

ВИДЕО | ОРБАН НА РАКИЈА ВО ГУЧА – Друштво му правеа моќници од унгарскиот бизнис

Виктор Орбан беше забележан во опуштено издание на познатиот Собир на трубачи во Гуча, Србија, каде што наздравуваше со традиционална ракија во друштво на влијателни луѓе од унгарскиот бизнис-сектор. На снимките, кои

На пеколна жештина, повеќе од еден час чекање за влез во Македонија

Пеколните августовски температури не ги спречија колоните на македонските гранични премини. Додека жештината во земјава се приближува до 40 степени, патниците кои денеска влегуваат преку Табановце чекаат повеќе од еден час, а

Николоски: Се поклонуваме пред хероите кои го дадоа животот за Македонија

Денеска се одбележуваат 25 години од масакрот кај Љуботенски бачила, во кој животите трагично ги загубија осум македонски бранители. По тој повод, делегација на Владата предводена од вицепремиерот и министер за транспорт
Go toTop