Според првичните резултати, партијата на Вучиќ има големо водство на изборите во Србија

December 17, 2023
1 min read

Од обработени над 50% од гласовите, Српската напредна странка (СНС) на претседателот Александар Вучиќ која настапуваше под слоганот „Србија не смее да запре“ има освоено 47,1 отсто од гласовите. Веднаш зад нив е коалицијата Србија против насилството која освоила 23,1 отсто, додека пак Социјалистите на актуелниот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ има освоено 6,9% од гласовите

Премиерката на Србија и повереникот на одборот на белградското крило на СНС, во обраќањето од штабот на партијата кажа дека нивната партија е убедлив победник и дека победата е поголема од очекувањата, нешто што претходно го кажа и претседателот на земјата Александар Вучиќ.

Фото: Телеграф.рс

Покрај СНС, во Парламентот се очекува да влезат второрангираните – „Србија против насилство“, Социјалистите на Дачиќ, листата „Надеж“, а изненадување е и листата на докторот Несторовиќ кој освои 4,8% од гласовите.

Поради поголемата излезеност во градот Белград, опозициската листа „Србија против насилство“ смета дека постојат реалистични шанси клучот на градот да им припадне ним.

„Тврдиме дека е голема шанса, односно според сите изгледи сме победиле во град Белград. Затоа што излезноста на избирачките места каде нашата коалиција на минатите избори оствари добар резултат-порасна. А на избирачките места каде СНС минатите избори имаше голема подрршка, излезноста падна“,

рече Пеџа Митровиќ од изборниот штаб на „Србија против насилство“.

Претседателот на Социјалдемократската партија Борис Тадиќ вечерва ги повика сите опозициски партии заеднички да поднесат кривична пријава против организаторите на, како што наведе, „незаконското гласање на граѓаните од соседните држави“. Тадиќ на социјалната мрежа Х повика на заедничко поднесување кривична пријава против службениците во МВР кои „незаконски прифатиле измени во пријавувањето на живеење на државјаните на соседните држави, со цел да се влијае на конечниот резултат на избори“.

По вторпат во изминатите две години гласачите во Србија излегоа на парламентарни избори да одлучуваа за идното свикување на собранието, а според првичните резултати победата ја извојува Српската напредна странка со коалиционите партнери, јавија белградски медиуми. Како што претходно објавија медиумите во Белград, претставници на опозицијата и дел од граѓаните тврдат дека во Штарк арената во Белград масовно се собираат луѓе кои биле донесени да гласаат со автобуси од Република Српска, кои потоа по списоци се распоредени на различни избирачки места.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Партијата на Вучиќ освои 95% од гласовите во Куманово

Следно

Естонија има 4000 активни професионални војници и 200 илјади подготвени резервисти, вели Ордановски

Latest from Blog

Ги знае ли некој овие играчи: Ова е составот на Италија за пријателските!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/NazionaleCalcio/ Привремениот селектор на италијанската фудбалска репрезентација, Силвио Балдини, објави практично нов состав за претстојните пријателски натпревари против Луксембург и Грција. Веста официјално ја објави Италијанската фудбалска федерација (FIGC). Селекцијата е преполна

Тројца загинале во Уганда- се судриле со слон

Полицијата соопшти дека уште четири лица се повредени во несреќата, што се случила во Националниот парк Мерчисон Фолс на северозападниот дел од земјата во недела навечер. Седум службеници на Управата за приходи

Малолетничка со породилни болки донесена на Гинекологија, мајката приведена

Малолетничка со породилни болки вчера била донесена на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, по што интервенирала полицијата, а нејзината мајка била приведена. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен
Go toTop