Спасовски за личните документи: Ќе нема никакви последици за граѓаните ако не се променат до февруари 2024 година

September 4, 2023
1 min read

реклама



Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски коментираше и за гужвата со вадењето на личните документи, кои треба да се променат со името Северна Македонија до февруари 2024 година.

Спасовски во студиото на ТВ21 во летното издание на „Клик Плус“ кажа дека ќе нема никакви последици по граѓаните доколку не успеат да извадат документи.

реклама

„Гужвата за вадење на лични документи ќе се реши ако се почитува редот. За личните документи надминуваме бројка до 1 милион кои се променети во државата, сите капацитети се ставени во функција, и ниту еден граѓанин нема да биде ставен во позиција да му биде загрозено правото“, рече Спасовски.

ТВ21: Што ако некој граѓанин не успее да смени личен документ до февруари 2024 година? Дали ќе му важи личниот документ?

реклама

Спасовски: Нема да има никакви последици ниту никаква постапка. Сите граѓани ќе можат да ги остварат своите права, и МВР нема да дозволи во овој дел да има било какви последици.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Финска: Над 10.000 лица се собраа да протестираат против расизмот и владината политика

Следно

Ли Кианг ќе присуствува на Самитот на Г-20 во Индија наместо претседателот

Latest from Blog

САД: Ги бараме овие 10 луѓе и за нив нудиме 10 милиони долари

Понудата беше објавена преку програмата „Награди за правда“ на Стејт департментот, во време на американско-израелска воена кампања против Иран, по атентатот врз ајатолахот Али Хамнеи и други високи ирански функционери. Барани информации

Андоновска за КУРИР открива: Што содржат 10-те тони МНОГУ ОПАСЕН хемиски отпад и како е спречена хаварија во Македонија?

Во рамки на Институтот за јавно здравје повеќе од 10 години се чувале 10 тони опасен хемиски отпад, што можел да предизвика хаварија и претставувал голем ризик за здравјето на луѓето и

Ќе се работи на булеварот „Благоја Тоска“ – да не се паркира на потегот од кај текстилно во правец кој ОУ „Кирил и Методиј“

Ќе се работи на булеварот „Благоја Тоска“ – да не се паркира на потегот од кај текстилно во правец кој ОУ „Кирил и Методиј“. Општина Тетово ги известува граѓаните дека поради изведување

Познати се новите правила кои ФИФА ги воведува за Мундијалот

ФОТО: FIFA.COM Светската кровна фудбалска организација, ФИФА донесе неколку нови правила кои што се базираат врз брзината, правичноста и правилното функционирање на фудбалската игра. Истите ќе бидат имлементирани на следниот Мундијал кој
Go toTop