Финска: Над 10.000 лица се собраа да протестираат против расизмот и владината политика

September 4, 2023
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Илјадници луѓе се собраа во неделата во главниот град на Финска за да протестираат против расизмот и владината политика во врска со ова прашање, јавуваат локалните медиуми, пренесува Анадолу.

Повеќе од 10.000 демонстранти и членови на над 100 организации, вклучително и групи за човекови права, се собраа на плоштадот на Сенатот во Хелсинки, а подоцна маршираа кон паркот Тулонлахти, соопшти јавната телевизија YLE.

Тие го изразија своето разочарување од политиката на Владата против расизмот, осврнувајќи се на нејзиниот брифинг против расизмот минатата недела.

Демонстрантите ја повикаа Владата да го почитува Уставот на Финска и меѓународните договори што ги потпишала, се вели во веста.

Во четвртокот, партиите на финската коалициска Влада објавија заедничка изјава за искоренување на расизмот и промовирање еднаквост во финското општество.

Тоа се случи по серијата расистички скандали во кои беа инволвирани министри од новата влада и доведоа до назначување работна група задолжена да предложи конкретни мерки за справување со расизмот и дискриминацијата.

Во јуни, четирипартиската влада, вклучително и антиимиграциската Финска партија, ја формираа новата влада на Финска, која има 108 места од 200 во Парламентот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

MARKETING

MARKETING

Претходно

Пендаровски: Згрозувачки се сомнежите за злоупотребите на Онкологија, крајно време е системот да се справи со криминалот

Следно

Спасовски за личните документи: Ќе нема никакви последици за граѓаните ако не се променат до февруари 2024 година

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop