Спасовски: Кривична ќе има и против лицето кое го возеше Палевски од Србија до Турција

December 7, 2023
1 min read

Министерот, меѓу другото, информира дека адвокатот на Љупчо Палевски, кој вчера попладне беше на распит, сè уште е во полициска станица, а по завршување на распитот службите ќе одлучуваат за натамошните чекори кои ќе бидат преземени во врска со него

Адвокатот на Љупчо Палевски-Палчо, Васко Стојков, со кого првоосомничениот за двете убиства од земјава замина за Белград на 30 ноември, сè уште е на распит во полициска станица. Тој е во станица од вчера попладне, а по завршување на распитот, како што изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, службите ќе одлучуваат за натамошните чекори кои ќе бидат преземени во врска со него.

Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи

„Задржан е во полициска станица на распит којшто сè уште трае во рамките на тоа 24-часовно задржување и кога ќе заврши ќе одлучат службите што понатаму да прават“,

изјави Спасовски одговарајќи на новинарски прашања по посетата на СВР-Охрид.

Адвокатот на Палевски пред неколку дена изјави дека го носел својот клиент на лекарски прегледи во Белград затоа што немал возило. Рече дека имал добра намера да му помогне на Палевски и дека не знаел оти е вмешан во двете убиства, но дека по сѐ се чувствува злоупотребено.

Прашан во врска со скопјанецот кој се сомничи дека го превезувал Палевски од Србија до Турција, а кој беше уапсен по влез во земјава и кому му е одреден 48-часовен притвор, Спасовски вели дека според она што е утврдено, и против него ќе биде поднесена кривична пријава.

„Согласно сето она кое го имаме утврдено, ќе се поднесе кривична пријава и против него“,

додава министерот.

Станува збор за лице со иницијали С. Д., кое Обвинителството го сомничи за кривичното дело помагање на сторител во извршено кривично дело, а кое беше уапсено на 5 декември.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски почнал да го заобиколува Залужниј во комуникацијата со команданти

Следно

Мицотакис: Туркије и Грција треба да работат заедно за подобра иднина

Latest from Blog

(ВИДЕО) Тоневски: Инвестираме во подобри услови за спорт во Пробиштип

Општина Пробиштип и Центарот за развој на Источниот плански регион потпишаа договор за реконструкција на ракометното игралиште во градот. Според првичните информации, проектот предвидува целосно обновување на постојниот спортски терен, кој треба

БУМЕРАНГОТ СЕ ВРАЌА! Лета кон срцето на ВЕЛИКА БРИТАНИЈА!

Лидерите на Шкотска, Велс и Северна Ирска синоќа се состанаа во Кардиф каде потпишаа историски меморандум за соработка и заедничка декларација со која бараат право на одржавање референдуми за независност и комплетно

Бетис како гостин го “реши“ Виљареал

ФОТО:.facebook.com/realbetisbalompie Бетис го победи Виљареал со 2:1 на гостински терен во последниот натпревар од петтото коло на Ла Лига. Бетис победи по пресврт, со головите на Ернандез и Натан, додека Жерар Морено

Трамп пушта музика во авион на најсилно- сите се изненадени од неговиот избор (ВИДЕО)

За време на летот, тој им пушти песни од неговата „одобрена плејлиста“, за која рече дека поголемиот дел од неа самиот ја составил. Пред да започне музиката, стјуардесата им го пренесе прашањето
Go toTop