Професорот Александар Спасеновски во гостувањето во „Тема на денот“ што се емитува во рамки на централниот Дневник на телевизија Сител, говорејќи за претстојните претседателски и парламентарни избори, а во врска со тоа дека се споменува и неговото име за кандидат за претседател, тој посочи дека е запознаен фактот дека партиите прават анкети.

Запознаен сум дека се прават анкети и дека долгата партиска листа се намалува. Сепак, личниот рејтинг и политичките ставови се само дел од критериумите бидејќи партиите при изборот се водат и од други познати и помалку познати варијабли – рече Спасеновски.

Професорот напомена дека комплексен е начинот на носење на одлуки во партиите во однос на изборот за кандидат за шеф на државата.

Оттука, а имајќи ги во предвид минатите искуства е дека секакви опции се возможни – рече Спасеновски.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.